Capital Bank | Financial Inovation

Нова експозитура на Капитал банка во населбата Ѓорче Петров

24

Окт. / 2018



Денес, 24.10.2018 Капитал Банка ја отвори својата нова експозитура во населбата Ѓорче Петров, Ул.Ѓорче Петров, број 71, ламела А, локал бр.2 Скопје.

 

Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ние како Банка ставивме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија. Потребата од отварање на експозитура во Ѓорче Петров беше само дел од барањата на постоечките клиенти од овој реон. Веруваме дека постепено ќе успееме да ги реализираме сите заеднички цели и идеи затоа што истото е од големо значење за секој поединец.

 

Капитал Банка и во иднина ќе продолжи со проширување на деловната мрежа, надградување на своите услуги и развивање на постоечките и нови производи, се со цел задоволување на потребите на клиентите како и негување на долгорочни релации и соработка.

 

Нашиот стручен тим ви стои на располагање за сите информации и прашања во врска со нашата понуда на производи и услуги.
 

Ве очекуваме.

 

Со почит,

Капитал банка АД Скопје



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510