Capital Bank | Financial Inovation

Нова иновативна услуга на Капитал Банка за сите штедачи – Орочување на депозит онлајн, без сметка во Капитал Банка!

4

Ное. / 2020



Отсега, штедењето во Капитал Банка достапно и од Вашиот дом!

Капитал Банка АД Скопје, следејќи го трендот на модерното банкарство како и користење на финтек технологијата, Ви овозможува да отворите штеден влог без физичко присуство во банка, односно од каде и да се наоѓате, а притоа не е задолжително да имате отворено сметка во банката, да користите електронско банкарство или други продукти.

Се што треба да направите е да се јавите во некоја од нашите експозитури, да одберете депозитен продукт со исплата на камата по доспевањето на депозитот и да имате пристап до интернет. Поради online постапката за отворање на депозит, потребно е средствата наменети за депозит да се уплатат безготовински од сопствената сметка во било која банка, на наменска сметка на Капитал Банка. Потпишувањето на документацијата e целосно дигитално преку Вашиот smart телефон, таблет или компјутер.

Капитал Банка Ви овозможува да штедите сигурно и безбедно по исклучително поволни услови, а како најатрактивни во моментот ќе ги издвоиме:

  • Стандарден депозит во МКД на 6 месеци со 1,1% фиксна камата
  • Стандарден депозит во МКД на 12 месеци со 1,25% фиксна камата

*Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени во Фондот за осигурување на депозити со 100% до износи од 1.800.000 мкд!

Комплетната понуда на депозити можете да ја погледнете овде.

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 500; или e-mail: info@capitalbank.com.mk .



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510