Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување

14

Ное. / 2017



Поради зголемен обем на работењето и со цел да ангажира квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа, да напредува во својата банкарска кариера


Капитал Банка АД Скопје распишува

К О Н К У Р С


за пополнување на отворено работно место Соработник во Секторот за управување со ризици (ASSOCIATE IN RISK MANAGEMENT SECTOR)

 

Основни работни задолженија и одговорности:

  • Проценка на ризичен профил на клиенти - правни и физички лица,
  • Изработка на извештаи за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ (Risk opinion),
  • Контрола и активно следење на процесот на одобрување кредитни изложености на клиенти - правни лица,
  • Изработка на извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик кон клиенти – правни лица (на ниво на поединечен клиент, група поврзани лица, на ниво на вкупно кредитно портфолио),
  • Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ,
  • Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по основ на кредитниот ризик,
  • Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со кредитниот ризик,
  • Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во согласност со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing).

 

Услови – Образование и дополнителни знаења:

  • ВСС- Економски факултет,
  • Најмалку 3 (пожелно е 5) години работно искуство во банка од кои најмалку 2 години работно искуство во Организациска единица за управување со кредитен ризик,
  • Познавања на проценка на кредитната способност на правни лица (анализа на финансиските извештаи, изработка на проекции, квантитативна и квалитативна анализа),
  • Познавање и континуирано следење на банкарската и особено на супервизорската законска регулатива на НБРМ,
  • Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен),
  • Работно познавање на Microsoft Office пакетот, Internet,
  • Дополнителни курсеви, обуки и препораки се сметаат за предност.

 

Очекувани способности, персонални карактеристики:

  • Аналитичност и систематичност,
  • Организациски вештини,
  • Креативност и комуникативност,
  • Позитивен став,
  • Професионалност, доверливост и одговорност,
  • Посветеност на работата,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Лидерски способности.

 

На избраниот кандидат му се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност, можност за усовршување и напредување.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават својата кратка биографија и мотивациско писмо на следната електронска пошта: jobs@capitalbank.com.mk  најдоцна до 30.11.2017 година.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510