Capital Bank | Financial Inovation

К О Н К У Р С

18

Јан. / 2018



Поради зголемен обем на работењето и со цел да ангажира квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа, да напредува во својата банкарска кариера

Капитал Банка АД Скопје распишува

К О Н К У Р С
за пополнување на две (2) отворени работни места:

 


1. Комерцијалист


Основни работни задолженија и одговорности:

  • Аквизиција на нови клиенти
  • Директна комуникација со нови и постоечки клиенти и понуда на продуктите и услугите на Банката
  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Промоција и продажба на продуктите и услугите на Банката и водење на состаноци и преговори со клиенти
  • Одлично познавање на сите сите продукти и услуги , соодветно информирање на клиентите за тековните понуди на Банката и придобивките што се обезбедуваат на клиентот во поглед на конкурентите
  • Континуирано освојување на деловниот пазар со целокупната понуда на продуктите и услугите на Банката
  • Обезбедување на квалитетна и препознатлива услуга на задоволство на клиентите
  • Одржување на тековната база на клиенти
  • Решавање на специфични барања и жалби и клиентите
  • Континуирано следење на клиентите

Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС
  • Поседување на исклучителни вештини за продажба
  • Работно искуство во комерција и продажба на терен се сметаат за предност
  • Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен)
  • Работно познавање на Microsoft Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија

Очекувани способности, персонални карактеристики:

  •  
  • Тимски дух, флексибилност и способност за мултитаскинг и поставување на приоритети
  • Одлично развиени комуникациски и презентациски вештини, посветеност и сериозност во пристапот
  • Добри аналитички способности, организираност и систематичност во работањето
  • Изразена желба за постигнување на одлични резултати и посветеност во остварување на таргети
  • Самоиницијативност, динамичност и способност за работа со минимални упатсва
  • Мотивираност, упорност, стрпливост и одговорност

 

2. Секретарка

Основни работни задолженија и одговорности:

  • Врши административно технички работи за членовите на Управниот одбор
  • Навремено проследување на потребните информации на надредените, соработниците и/или клиентите
  • Закажување на состаноци и евиденција на нивниот распоред, време и место на нивното одржување
  • Пречек и услужување на клиентите, деловните партнери, вработени и други лица кои доаѓаат на средби со Управниот одбор
  • Одговарање на директни прашања и телефонски повици
  • Пречек и услужување на клиентите, деловните партнери, вработени и други лица кои доаѓаат на средби со Управниот одбор
  • Примање и испраќање на дневни обични и е-маил пораки и водење на евиденција
  • Подготовка на деловни дописи и писма според добиените упатства

Потребни квалификации:

  • Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен)
  • Работно познавање на Microsoft Office пакетот
  • Дополнителни курсеви, обуки и препораки се сметаат за предност.

Очекувани способности, персонални карактеристики:

  • Совесност и педантност
  • Позитивен став и љубезност
  • Способност за вешта вербална и писмена комуникација
  • Упорност и стрпливост
  • Претприемништво и организираност
  • Стабилност и сталоженост
  • Посветеност на работата
  • Промисленост, доверливост, одмереност и дискретност

На избраните кандидати им се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност и професионалност.
Сите заинтересирани кандидати своја кратка биографија и мотивациско писмо да достават на следниов е-маил: jobs@capitalbank.com.mk, со назнака на работното место за кое конкурираат, најдоцна до 31.01.2018 година. 

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510