Capital Bank | Financial Inovation

Супер брз кредит без да одите во Банка

22

Јан. / 2018



22.01.2018

 

Денес, Капитал Банка АД Скопје официјално стана достапна до сите клиенти од сите градови низ земјата и им овозможи на сите постоечки и нови клиенти да аплицираат и користат кредитни производи без да дојдат во експозитураta на Банка.
Водејќи се од реалните потреби на клиентите да им заштедиме време и простор беше креиран првиот банкарски кредит кој овозможува бесконтактно потпишување на документацијата за кредит.
Откако ќе биде одобрен кредитот, секој клиент избира на која трансакциска сметка во која и да е банка ќе бидат префрлени средствата од кредитот.

 

Сега само во неколко чекори клиентите можат да аплицираат за износи на кредити до 60.000 МКД, со рок на исплата до 12 месеци од било кој уред, мобилен телефон, таблет или компјутер и од каде и да посакаат.

 

“Олеснувајќи ги сите процеси, посета во Банка, многу документација, жиранти и административни забрани, креиравме производ кој може да ги задоволи барањата на пазарот и веруваме во успешноста на проектот,” соопштија од Банката. “Капитал Банка продолжува со активности и реализирање на веќе започнати проекти кои се во насока на дигитализација на работењето на Банката и веруваме дека истото ќе придонесе за унапредување на нашите клиенти на секое поле.”



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510