Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување

3

Јан. / 2019



Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на работна позиција Внатрешен ревизор: Конкурс за Внатрешен ревизор

 

Работни задачи:

  • Оценка на адекватноста и ефикасноста на системите на внатрешна контрола;
  • Оценка на спроведувањето на политиките за управување со ризиците;
  • Оценка на поставеноста на информативниот систем;
  • Оценка на точноста и веродостојноста на трговските книги и финансиските извештаи;
  • Проверување на точноста, веродостојноста и навременоста во известувањето согласно прописите;
  • Следење на почитувањето на прописите, етичкиот кодекс, политиките и процедурите;
  • Оценка на системите за спречување на перење пари;
  • Оценка на услугите што Банката ги добива од друштвата за помошни услуги на Банката;
  • Изготвување на годишен план за работа на Службата за ревизија;
  • Изготвување на полугодишен и годишен извештај за работењето ;
  • Давање препораки за отстранување на идентификуваните неправилности во работењето;
  • Вршење на подготовка за оперативна внатрешна ревизија;
  • Спроведување на ревизија согласно планот за ревизија;
  • Изготвување на извештаи за спроведената ревизија;
  • Организација на седниците на Одборот за ревизија;
  • Помош при изготвувањето на годишниот, полугодишниот и кварталните извештаи од работењето на Одборот за ревизија;
  • Организација и учествува во процесот на избор на надворешен ревизор на финансиските извештаи и на надворешен ревизор на усогласеноста на Банката со Законот за заштита на личните податоци;
  • Соработка со супервизијата од НБРМ, со надворешниот ревизор на финансиските извештаи и со надворешниот ревизор на усогласеноста на Банката со Законот за заштита на личните податоци;
  • Учество во тестирањето на системите на алтернативната локација на Банката и изготвува извештајот од истото;
  • Помош при изготвувањето и го ажурира Деловникот за работа на Одборот за ревизија
  • Помош при изготвувањето и ги ажурира Правилникот, Процедурите и Генералните политики на Службата за внатрешна ревизија;
  • Изготвување и ажурирање на Методологиите и останатите интерни акти на Службата за внатрешна ревизија;
  • Редовни консултативни активности и дава мислења и препораки кон одредени прашања од оперативното работење (нови продукти и сл.);
  • Вклученост во разгледување на нацрт интерни акти (политики и процедури) на оперативните организациони единици на Банката со свои коментари и забелешки кон доставените предлог-текстови.

 

Кандидатот треба да поседуваат:

  • Работно искуство: Минимум 3 години;
  • Образование: Минимум ВСС и Лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор;
  • Дополнителни квалификации: Активно познавање на Англиски Јазик и напредно познавање на Office пакет.

Работниот однос е на неопределено време.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.


Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk .
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.


Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510