Capital Bank | Financial Inovation

Финансиска едукација на најмладите

31

Мај. / 2019



По повод одбележување на Деновите на Финансиска писменост, Капитал Банка АД Скопје во изминатите две недели ги посети учениците од две училишта, ОУ Блаже Конески и ОУ Гоце Делчев.
Веруваме дека добрите навики се учат од мали нозе, а со тоа и самите едукативни посети кои ги организираат вработените на Банката ќе придонесат, младите да создадат здрави финансиски навики а истото ќе влијае и на стабилноста на финансискиот систем и просперитет на економијата во земјата.
Најмладите подготвени да разговараат на тема Финансиска Институција, за парите, штедењето, банкарскиот сектор, и други теми поврзани со користењето на услугите и производите на Банките, не пречекаа како вистински домаќини.
Ќе продолжиме да практикуваме редовна финансиската едукација на населението, особено на најмладите преку која ќе постигнеме подигнување на нивото на финансиска писменост кај младото население.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510