Capital Bank | Financial Inovation

Отварање на нова филијала во Штип

5

Јул. / 2019



Отсега услугите на Капитал Банка АД Скопје, достапни и во Штип!

Вчера (04.07.2019) со пригоден коктел и присуство на голем број на граѓани, соработници и клиенти започна со работа новата експозитура во Штип, на Ул.Ванчо Прке бр.16 (веднаш над плоштадот на Макфест кај Хотел Оаза).
Во насока да обезбедиме брза и квалитетна услуга за своите клиенти, ние како Банка ставивме акцент на достапноста на финансиските услуги до населението, како и до микробизнисот, малите и средните претпријатија.

Потребата од отварање на експозитура во Штип беше само дел од барањата на постоечките клиенти од овој реон. Веруваме дека постепено ќе успееме да ги реализираме сите заеднички цели и идеи затоа што истото е од големо значење за секој поединец.
Ние како банка и понатаму ќе останеме поддршка во остварување на личните и бизнис цели на нашите клиенти, нудејќи квалитетна и конкурентна услуга и континуирано унапредувајќи го своето работење, истовремено градејќи долгорочни релации.

Ве очекуваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите кои ги нудиме како за физички, така и за правни лица.

Нашиот стручен тим ви стои на располагање за сите информации и прашања во врска со нашата понуда на производи и услуги.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510