Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување во Скопје

17

Јан. / 2020



Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице за работно место Референт во Одделение за сметководство и известување. Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.

Потребни квалификации:

-ВСС од областа на економија и економски науки,

-одлично познавање на основите на финансиско работење,

-одлично познавање на англиски јазик,

-одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,

-поседување на возачка дозвола Б категорија,

 

Опис на работни задачи:

- Ги обработува поодделните ставки од изводите на жиро сметката и подсметките на банката врз основа на контирањето на службите

- Посредува во разјаснување на неразјаснети приливи

- Решава рекламации од екстерни и интерни извори

- Ги следи прописите и упатствата  од областа на платите и ги врши сите работи околу пресметките и исплатите на платите

- Води евиденција на административните и судските забрани на вработените

- Ги врши сите работи со ПИОМ, ФЗО и Државниот завод за статистика

- Се грижи за ажурирањето на сметковниот план на банката

- Контактира со организационите единици и учествува во решавањето на погрешни книжења

- Соработува во услужувањето на контролите и ревизиите

- Подготвува и испраќа дневни, декадни месечни и годишни извештаи (екстерни и интерни)

- Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО, побарување од купувачите, пресметки и плаќања на даноци

- Ги ликвидира патните налози за службени патувања

- Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања

- Изготвува налози за плаќање

 

Кандидатот треба да поседува:

-самоиницијативност и способност за тимска работа,

-исклучителни комуникациски способности,

-позитивен пристап кон работата,

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на  тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот. 



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510