Capital Bank | Financial Inovation

Донација на медицински материјали

7

Апр. / 2020



Капитал Банка АД Скопје донираше медицински материјали и заштитна опрема на Инфективната Клиника во Скопје!

Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, Капитал Банка АД Скопје донираше медицински материјали и заштитна опрема на Инфективната Клиника во Скопје, како поддршка во напорите на надлежните институции во справување со состојбата со COVID-19.

Преку оваа финансиска помош Банката даде свој скромен придонес за побрзо и полесно да се надмине една од најголемите светски здравствени кризи, како и да им се олесни на медицинските работници да ги извршуваат своите задачи.

Општествената одговорност на компаниите и воопшто на поединците во услови на пандемија е исклучително важна. Како општествено одговорна компанија имаме за цел да одговориме на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и сите заедно да го олесниме справувањето со последиците од истата и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.

Капитал Банка ќе продолжи да придонесува и ќе сториме се што е во рамките на нашите можности, заедно да се справиме со оваа несекојдневна ситуација.

 



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510