Capital Bank | Financial Inovation

КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ ВО 2021 ГОДИНА КЕ ГО ЗГОЛЕМИ КАПИТАЛОТ ЗА 2 500 000 ЕВРА

5

Апр. / 2021



Капитал Банка АД Скопје ја донесе и усвои деловната политика и развоен план за периодот 2021-2023 година, земајќи ги во предвид остварените и планираните движења и резултати на Банката, како и остварените и проектираните движења и трендови во реалниот сектор и макроекономското опкружување, кои би имале влијание на работењето на Банката.

Во текот на 2021 планиран е процес на зголемување на акционерскиот капитал во износ од 2.500.000 евра кој ќе биде насочен кон зацврствување на капиталната структура на Капитал Банка и основа за остварување на планираниот раст и обем на деловните активности предвидени во деловниот план во насока на остварување на своите примарни цели за одржување на соодветна адекватност на капиталот, профитабилно работење и обезбедување на поврат на капиталот. Со предвидените промени во структурата на капиталот ќе се изврши 50% зголемување на вредноста на акционерскиот капитал и резерви, кој ќе овозможи одржување на стапката на адекватност на високо ниво од над 20%  кон крајот на 2021 при планираниот раст на кредитното портфолио.

Кредитното портфолио на Банката во текот на 2021 година се очекува да достигне ниво од 2.077 мил.ден. што споредено со 2020 година претставува интензивен раст од 14%. Растот е предвиден во сегментот население со пораст од 26% во текот на 2021 година, додека во сегментот правни лица предвиден е раст од 4%. Годишната динамика на пласирањето на средства во кредити ја следи динамиката на прибирање на депозити со поголем интензитет во 2021 година и стабилизација на растот во наредните две години.

За успешна рeализација на целите и задачите на Деловната политика на Банката ќе се преземаат конкретни мерки и активности во одредени сегменти од работењето на Банката при што со особено значање се предвидува  на растот и развојот на мрежата на експозитури на Банката. Тоа се потврдува со тоа што во текот на пандемијата Банката отвори нови експозитури во Кочани, Велес и Штип, покрај веке посточеките 4-ри во Скопје како и во Струмица и Тетово.

Капитал Банка е во тек на ново проширување на својата деловна мрежа во 2021 година, со тоа ке се овозможи пристап на клиентите до понудените услуги и продукти во нови 7 градови и тоа Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево, Гостивар и Куманово. Со ова проширување исто така ке се придонесе за нови вработувања и ке се помогне во ситуацијата со корона пандемијата воопшто.

Во фокусот на Менаџментот останува и процесот на дигитализирање на услугите кои ги нуди Банката што е и иднината на банкарствтото во светот, и секако ке допринесе до побрз и полесен начин на задоволување на современите потреби на пазарот.

Банката ке инвестира во поттикнување на корпоративната промоција на Банката која ќе има за цел да ги унапреди угледот, препознатливоста и присутноста на Банката на пазарот преку доближување на Банката до клиентите особено преку современите дигитални канали и дигитални понуди и проекти.

И за крај но не помалкуважно е развивање на корпоративната општествена одговорност на Банката преку финансиска поддршка на културни, научни и хуманитарни дејности, што ќе придонесе во градењето на подобра заедница за живеење и поуспешна заедница.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510