Capital Bank | Financial Inovation

Отворена нова експозитура во Куманово

21

Јул. / 2021



Отсега услугите на Капитал Банка АД Скопје, достапни и во Куманово!

Со големо задоволство ве информираме дека, во насока на доближување до постојните и потенцијално новите клиенти, како и заради побрз и поедноставен пристап до услугите на Банката, од вчера - 20.07.2021 година во Куманово веќе започна со работа новата експозитура на Капитал Банка ад Скопје.

Во новата експозитура преку љубезни и стручни лица, Банката ќе озвоможи ефикасна и брза услуга за користењето на сите производи и услуги (платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, штедни влогови, издавање MasterCard платежни картички и сл.), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

Банката и понатаму ќе вложува во унапредувањето на професионалноста и ефикасноста во пласирањето на банкарските производи и услуги со цел да биде чекор подостапна до своите клиенти.

Со својата присутност во градот и пошироко во републиката преку отварањето на нови експозитури, Капитал Банка а.д. Скопје се повеќе се приближува до потребите на граѓаните, правејќи уште еден чекор понапред кон достигнувањето на својата цел, да биде што поблиску до своите клиенти и квалитетно да им одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и на стопанствениците.

Со новата експозитура во рамките на деловната мрежа, Капитал Банка ќе брoи 10 експозитури на територијата на Република Македонија. На овој начин Банката  придонесува за континуиран раст и постојано отворање на нови работни места.

Новата експозитура во Куманово се наоѓа на ул. Трета Македонска Бригада бр.52, 1/ 3, лок.2.

Ве очекуваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и подетално да се запознаете со производите и услугите кои ги нудиме како за физички, така и за правни лица.

Нашиот стручен тим ви стои на располагање за сите информации и прашања во врска со нашата понуда на производи и услуги!



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510