Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
Во согласност со Одлуката на Надзорен Одбор на Капитал Банка АД Скопје бр.0203-32/28 од 26.11.2021 година, ќе се одржи вонредна седница на Собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје во седиштето на Банката на ул.Никола Кљусев број 1, Скопје, на 30.12.2021 година со почеток во 12.00 часот, со следниот предлог
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I . Процедурален дел
- Отварање на Собранието на Банката
- Верификација на Списокот на Присутни акционери
- Избор на Претседавач на Собранието
II . Работен дел
1. Предлог- Одлука за измени и дополнување на Статутот на КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ
- Пречистен текст на Статут на Капитал банка АД Скопје
2. Предлог-одлука за Потврдување на оставката поднесена од независен член на НО
3. Предлог- одлука за именување на независен член на Надзорен одбор на Капитал банка АД Скопје
4. Предлог-одлука за зголемување на основната главнина на Капитал банка АД Скопје со издавање на обични акции по пат на приватна понуда – VI -та (шестта) емисија
5. Предлог- одлука за измена и дополнување на Одлуката за распределба на остварената добивка за 2020 година
6. Предлог -одлука за откажување на Акционерот АЛФА ФИНАНС ХОЛДИНГ од побарувањата кон Банката по основ на дел од Договорот за користење на Субординиран заем бр.0307-1597/1 од 23.06.2021 година, во износ од 412.000 EUR во полза на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје
7. Предлог - oдлука за покривање на акумулираната загуба од посебна резерва во износ од 25.392.223 мкд
8. Разно
Листа на документи
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.
Примерок од Пријавата за учество на Собранието и сите обрасци се подига во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или електронски на интернет страната на Банката на www.capitalbank.com.mk.
Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.
Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.
Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со писмено известување (Овластување) на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 08.12.2021 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред може да се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје или електронски пат на е-маил: sekretarijat@capitalbank.com.mk
Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.
Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа: - Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци
- Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.
КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје