Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за Самостоен референт во Одделение за правни работи

27

Сеп. / 2022



 Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата – Самостоен референт во  Одделение за правни работи

 

Локација : Дирекција-Скопје

 

Одговорности и задачи:

 

  • Ги проучува прописите и се грижи за нивна примена
  • Ја застапува Банката во сите видови постапки и пред сите надлежни органи
  • Подготвува договори и  поднесоци,
  • Анализира согласно евиденција за преземени дејствија во постапките и предлага понатамошни активности на Банката во истите
  • Дава информации за текот и преземените дејствија во постапките кои се водат пред надлежните органи
  • Ја застапува Банката во постапките за обезбедување на побарувања со инструменти за обезбедување на побарувањата
  • Ја застапува Банката во постапки за извршување
  • Дава правна помош на другите организациони делови на Банката, со цел примена на законските прописи во нивниот делокруг на работа
  • Поведува постапки за остварување на правата на Банката заради неисполнување на договорни обврски
  • Се грижи за навремено преземање на дејствија за исполнување на обврските на Банката кои произлегуваат од законите и други прописи

 

Потребни квалификации:

Работно искуство: Минимум 5 години

Образование: Минимум ВСС

Дополнителни квалификации: Активно познавање на Англиски Јазик и напредно познавање на Office пакет.

 

 Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510