Capital Bank | Financial Inovation

Оглас-Референт за банкарски услуги

3

Јан. / 2023



 

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата – Референт за банкарски услуги

Локација Скопје

 

Одговорности и задачи:

 

  • Примање, анализа и обработка  на барањата од  клиенти – физички лица;
  • Понуда и промоција на продуктите на банката на физички лица;
  • Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за физички  лица;
  • Аквизиција на нови клиенти за банката и одржување на континуирани контакти со постојаните;
  • Анализа на финансиите и пазарот на физички лица;
  • Анализа на кредитни апликации за физички лица;
  • Грижа за клиентите, одржување на континуирана комуникација и релации за поттикнување на нови и повторливи кредитирања;
  • Унапредување на односите со постојаните клиенти;
  • Продажба на производи и услуги на терен;
  • Подготовка на каматни пресметки;
  • Подготовка на извештаи;
  • Давање на предлози за унапредување на продажбата  на продукти за кредитирање на физички лица;
  • Генерирање на КРИС и МКБ извештаи;
  • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни трансакциски сметки;
  • Издавање, прием, обработка и архивирање на апликации и останати документи поврзани со готовински и безготовински трансфери;
  • Телемаркетинг;
  • ВФП и останати кредитни посредници;
  • Центар за повици (Call центар) за подршка на клиенти;
  • Процесирање на Онлајн депозит;
  • Бесконтактен кредит;
  • Социјални мрежи;
  • Известување на клиентите за доспеан депозит;
  • Известување на клиентите за пристигнати платежни картички;
  • Архивирање на кредитни досиеа;

 

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 3-4 годишно работно искуство
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

 



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510