Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за самостоен референт за големи корпоративни клиенти

17

Јан. / 2023



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата – Самостоен референт за големи корпоративни клиенти

Локација  Дирекција -Скопје

 

Одговорности и задачи:

 

-          Анализа на финансиите и пазарот на големи корпоративни клиенти;

-          Анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска  документација;

-          Проверка дали колатералот / обезбедувањето  е во согласност со Политиката за управување со кредитен ризик на Банката;

-          Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;

-          Примање, анализа и обработка барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви за големи корпоративни клиенти;

-          Анализа на работењето и развојните програми на големите корпоративни клиенти (утврдување на кредитната способност и економската оправданост на програмите);

-          Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи за големи корпоративни клиенти согласно одлука на Кредитниот одбор;

-          Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;

-          Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;

-          Следење на реализацијата на инвестициите кои Банката ги финансира;

-          Аквизиција на нови големите корпоративни клиенти;

-          Продажба на производи и услуги на терен;

-          Воспоставување и одржување на односи со големи корпоративни клиенти;

-          Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи за корпоративни клиенти и соработка со Секторот за управување со ризици во изработка на оценката на ризичноста;

-          Унапредување на односите со големите корпоративни клиенти;

-          Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица;

-          Внес на одобрени кредити согласно донесена одлука како прв чекор во оперативниот систем пред авторизација;

 

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 3-4 годишно работно искуство
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510