Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување - Раководител на служба за меѓународен платен промет

15

Фев. / 2024



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на едно лице за позицијата –   Раководител на служба за меѓународен платен промет

Локација  Дирекција -Скопје

 

Одговорности и задачи:

-           Следење на Законската регулатива и подзаконските акти од делокругот на платниот промет со странство;

-          Одговорност за развој и унапредување на процесите на управување со процесите на домашни плаќања и плаќања во странство;

-          Одговорност за спроведување на одредбите од деловната политика на Банката и другите органи на управување;

-          Грижа за режимската исправност на налозите од платниот промет во странство;

-          Администратор на модулот за електронско банкарство за физички лица;

-          Координација и управување во рамките на службата;

-          Одговорност за исполнување на целите на службата и за спроведување на стратегијата на Банката;

-          Одговорност за спроведување на нови проекти во склоп на службата, вклучувајќи ги и проектите со свифт;

-          Координација на работата на службата и известување на органите на управување на Банката;

-          Дефинирање на каталогот на производи и услуги за секторот за меѓународен платен промет;

-          Контрола на девизните приливи и одливи;

-           Книжење во оперативниот систем на Банката на соодветните Ностро/Лоро трансакции;

-          Сетирање и книжење на провизии

-          Секојдневна тесна комуникација со Anti Money Laundringодделението во насока на пријавување и следење на девизните трансакции;

-          Решавање на спорни случаи, враќање на приливи, прашања преку swift пораки; решавање на рекламации;

-          Континуирано известување до НБРМ;

-          Континуирана соработка  со банки во странство; коресподентни банки; отварање на сметки во/од странски банки;

-          Размена на банкарски клуч (RMA) преку свифт со домашни и странски банки;

-          Континуирана соработка со банки во Република Македонија;

-          Континуирана соработка со правните лица во врска со платниот промет со странство;

-          Координација на Експозитури за спроведување на девизен режим во трансакциите со нерезиденти;

-          Работа со нерезиденти;

-          Изработка на поединечните планови за работа, следење на нивната реализација, анализа на работењето на секторот и преземање на мерки за остварување на планираните задачи;

 

Потребни квалификации:

 

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 3-5 годишно работно искуство
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот.

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510