Capital Bank | Financial Inovation

 Премиум потрошувачки кредит

Таргет група

Сите резиденти на РCМ кои се во редовен работен однос минимум 12 месеци  со непрекинат работен стаж на определено работно време или минимум 6 месеци со непрекинат работен стаж на неопределено работно време.

  • Институции финансирани од Буџет на РСМ;
  • Приватни компании кои имаат вработени со месечни примања над 45,000 денари и кои се во категорија на ризик А во последни 12 месеци на ниво на банкарски систем
  • Акционерски друштва;
  • Јавни претпријатија;
  • Синдикати;
  • Бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката

Намена

  • Ненаменски потрошувачки кредит;
  • За Целосно Рефинансирање на кредит/и во друга банка
  • За Рефинансирање на кредит во Капитал банка со исплата на дополнителни средства од најмалку 30% од износот кој се рефинансира

Висина на кредит во МКД

До 1,200,000.00 денари + полиса за животно осигурување

Рок на враќање

До 120 месеци

Kаматна стапка

0,00% фиксна за првите 6 месеци, 2,90% фиксна за наредните 18 месеци и 4,77% променлива во преостанатиот период (НРКС + 2,64 п.п.), но не може да биде пониска од 4,77% и повисока од законски пропишаната казнена камата за денари.

Провизија за одобрување

2,00% мин. 750 МКД

1,00% мин. 750 МКД (за членови на Синдикат со кој КБ има склучено договор за соработка)

Административен надомест

0.2% еднократен административен надомест, пресметан на висината од месечниот остаток од главницата од одобрените средства, којшто Банката може да ги наплати еднократно но да го пресмета и подели на еднакви месечни износи вкалкулирани во месечниот ануитет.

При целосна предвремена отплата на кредитот се наплаќа остатокот на пресметаната провизијата до крајот на периодот, а доколку се рефинансира во Капитал Банка се наплаќа 50% од вкупно остатокот на пресметаната провизија до крајот на периодот.

 

200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ).

600 МКД еднократен трошок за аплицирање

Можност за предвремено враќање

Да

Провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредит

1% од износот на предвремено отплатениот кредит, само доколку предвремената отплата се случи во време кога каматната стапка е фиксна

 

*0% провизија за рефинасирање на постоечка изложеност во Капитал Банка со ново одобрени средства (рефинансирање) во Капитал Банка

Користење на средствата

Одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје

Отплата

Месечна отплата со еднакви ануитети

Предоговарање на условите

Можност за пролонгација (да не надминува 120 месеци), промена на

кредитокорисник или гарант, репрограмирање на кредитот

Обезбедување

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

Ризична категорија А минимум 12 месеци на ниво на банкарски систем:

  • До 900,000.00 МКД – без гарант и без солемнизација на нотар
  • Над 900.001,00* МКД до 1,200,000.00 МКД-  без гарант со солемнизација на Нотар.

 

  • За износи до 500,000 МКД, кредитобарателот да има минимум 25,000 денари плата
  • За износи над 500,001 МКД, кредитобарателот да има минимум 30,000 денари плата

Доколку кредитобарателот не исполнува еден од погоренаведените услови со плата, да се вклучи кредитоспособен гарант на неопределено работно време минимум 6 месеци.

Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување

       *Потврда за вкупен долг од ФД да се достави само при исплата на кредитот, а доколку има промени во состојбата клиентот да си ја доплати разликата.

       *Изложеност по основ на брзи кредити не повеќе од 150,000 денари

       *Наменските кредити од ФД да не се земаат во предвид како брзи кредити (приложена документација)

      * Задолжителна полиса за животно осигурување

       * не земајќи го в предвид износот потребен за плаќање на премијата за животното осигурување

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот до 70 години на денот на достасување на кредитот
  • Клиентот да биде класифициран во просечна категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А  на ниво на банкарскиот систем во последните 12 месеци;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • *Плата во Капитал Банка и АЗ (освен за компании кои не заверуваат АЗ)

 

-За вработени во ЈП, фирми финансирани од Буџет, АД и бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката:

  • Максимална задолженост 55%* од нето-приход

-За останати клиенти:

  •  Максимална задолженост 50%* од нето-приход

 

*45 дена рок за префрлање на платата во КБ. Доколку не се префрли во одредениот рок или после одреден период примање на плата во КБ ја префрли во друга банка ќе му се пресметува законски пропишаната казнена камата.

Неопходна документација

  • Копија од лична карта на кредитобарателот и гарантот;
  • ЗППОП (потврда за редовен работен однос);
  • Административна забрана на плата или за правни лица кои не заверуваат забрани на плата задолжителен услов плата во Капитал Банка;
  • Извод од трансакциска сметка од последните 12  месеци, заверена и потпишана од Банката издавач
  • Дополнително за вработени во приватни комании

-       М1/М2 образец

-       ПП 53 Декларации за прием за последни 3 месеци

Начин на отплата

Административна забрана на плата, автоматско повлекување на средства од сметка за приматели на плата во Капитал Банка*

 

*45 дена рок за префрлање на платата во КБ. Доколку не се префрли во одредениот рок или после одреден период примање на плата во КБ ја префрли во друга банка ќе му се пресметува законски пропишаната казнена камата.

СВТ

СВТ: 6,56%

- Пресметката е направена за износ од 1.200.000 МКД, со каматна стапка 0,00% фиксна за првите 6 месеци, 2,90% фиксна за наредните 18 месеци  и 4,77% променлива во преостанатиот период (НРКС + 2,64  п.п.), рок 120 месеци, месечен надомест на остаток на главница за одржување 0,2% и провизија за одобрување 2,00% и 600,00 мкд еднократен трошок за аплицирање.

Во искажаниот пример за СВТ полисата за животно осигурување не е влезена во пресметката.

- Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ  , висината на договорната каматна стапка и  износот на полисата за животно осигурување.

Поврзани производи

  • Задолжителна кредитна картичка МАСТЕРКАРД без чланарина за првата година со потполнета и потпишана апликација од клиентот и минимален износ од 30,000 денари.
  • Дозволено пречекорување на трансакциска сметка за приматели на плата до две плати.
  • Бесплатно активно електронско банкарство
  • Дебитна картичка МАСТЕРКАРД
  • Полиса за животно осигурување

Дозволено е надминување на условите поради поврзаниот производ

Одобрување

1 ден од комплетирање на потребната документација


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510