Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување - Администратор за централен банкарски систем

23

Дек. / 2025



 

Администратор за централен банкарски систем/ Администратор за Core Banking систем  - Core Banking Administrator

Што може да очекувате:

  • Работа во средина со високи етички вредности, доверба и можност на раст и развој
  • Флексибилно работно време
  • Поддршка за личен и професионален развој, преку едукација и обука
  • Организација која поттикнува соработка во посветен тим, самостојна работа и фер однос кон сите
  • Средина во која секој придонесува за успех,а резлутатите се мерливи видливи и препознаени
  • Вклученост во процес на дигитализација и трансформација на процесите

Главни задачи и одговорности:

  • Администрација и одржување на Core Banking апликацијата и сите критични модули, со обезбедување континуирана достапност и стабилност на трансакциското работење на банката.
  • Активна работа со Microsoft SQL Server базата на Core Banking системот, изработка и оптимизација на T-SQL queries за извештаи, анализи на податоци и корективни активности по дефинирани процедури.
  • Дијагностика и анализа на податочни неконзистентности, поддршка на регулаторно и управувачко известување преку сложени SQL селекции, агрегации и joins.
  • Управување со параметризација на банкарски производи, автоматски процеси и конфигурации согласно бизнис барањата и промените во регулативата.
  • Ескалација и разрешување на апликативни, процесни и базни проблеми, со анализа на логови и транзакции.
  • Координација со бизнис корисници, тимови од внатрешен ИТ и надворешен vendor при промени, миграции и надградби.
  • Управување со привилегии за пристап до базата, auditing и контролен надзор согласно политика за информациска безбедност.
  • Следење на blocking/deadlocks, мониторинг на transaction logs, извршување на корективни акции во контролирани процеси.
  • Подготовка и управување со backup/restore политики и активно учество во DR тест сценарија и репликации.

Квалификации:

  • Tехничко високо образование со фокус на информатика, телекомуникации или електротехника
  • Пожелно е најмалку 3 години професионално искуство на иста или слична позиција
  • Напредни организациски вештини
  • Компјутерски вештини - напредни
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510