Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување - Администратор на Бази на податоци

23

Дек. / 2025



 

Администратор на Бази на податоци - Database Administrator

Што може да очекувате:

  • Работа во средина со високи етички вредности, доверба и можност на раст и развој
  • Флексибилно работно време
  • Поддршка за личен и професионален развој, преку едукација и обука
  • Организација која поттикнува соработка во посветен тим, самостојна работа и фер однос кон сите
  • Средина во која секој придонесува за успех,а резлутатите се мерливи видливи и препознаени
  • Вклученост во процес на дигитализација и трансформација на процесите

Главни задачи и одговорности:

  • Одржување на софтверот за бази на податоци, вклучувајќи организација и манипулација со податоците.
  • Мониторинг на перформансите на базите и осигурување дека ги исполнуваат потребите на корисниците на системите.
  • Доделување и управување со пристапи до базите на податоци.
  • Осигурување дека софтверот за бази е ажуриран и соодветно одржуван.
  • Обезбедување на рачен и автоматизиран backup, како и периодично тестирање на резервни копии за сигурност на податоците.
  • Следење на репликацијата на базите во резервната локација и имплементација на планови за континуитет во работењето, вклучувајќи периодично тестирање.
  • Развивање и одржување на reporting dashboards и извештаи за деловната страна.
  • Подготовка и автоматизација на редовни и ад‑хок извештаи согласно барањата на корисниците и деловните процеси.
  • Одржување и ажурирање на дијаграми со релации на табелите и поврзани технички документи.
  • Генерирање на извештаи и друга потребна документација за работењето на базите.
  • Извршување на други задачи и дополнителни обврски според барање на Раководителот
  • на ИТ оддел или Управниот одбор.

Квалификации:

  • Tехничко високо образование со фокус на информатика, телекомуникации или електротехника
  • Пожелно е најмалку 3 години професионално искуство на иста или слична позиција
  • Напредни организациски вештини
  • Компјутерски вештини - напредни
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510