Капитал Банка АД Скопје објавува оглас за платена практикантска работа за кредитна администрација (Back Office).
За позицијата:
Доколку сте мотивирани да стекнете практично искуство во банкарскиот сектор и да ги развивате вашите знаења во областа на кредитното работење и административните процеси, ве покануваме да се пријавите за практикантска позиција во нашиот тим.
Работни задачи:
- Поддршка при проверка на комплетност и исправност на кредитна документација (одлуки, договори, изјави, полиси и сл.),
- Помош при подготовка и обработка на кредитни договори и придружна документација,
- Поддршка во организација на потписни процеси и административна обработка на документација,
- Внесување и ажурирање на податоци поврзани со кредити во банкарскиот систем под менторство,
- Поддршка при проверка на предуслови пред исплата на кредитни средства.
- Помош при евидентирање и следење на обезбедувања и придружна документација,
- Поддршка при администрирање на промени во кредитни договори (анекси, промени на услови и сл.),
- Запознавање со извештаи и анализа на податоци поврзани со кредитното портфолио,
- Архивирање и организирање на кредитна документација (електронска и физичка архива),
- Учествување во активности поврзани со подобрување на административните процеси во кредитната администрација.
Барања:
- Студент или неодамна дипломиран во областа на финансии, економија, сметководство или сродни области,
- Желба за учење и развој,
- Одлични комуникациски и организациски вештини,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Компјутерски вештини – напредни.
Нудиме:
- Практично искуство во водечка финансиска институција.
- Платена практиканска работа во период за период до 6 месеци
- Менторство и можност за учење од искусни професионалци.
- Потенцијална можност за понатамошно вработување по завршување на практикантството.