Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување на банкарски службеници

21

Мај. / 2021



Капитал банка А.Д. Скопје има потреба од ангажирање на лица за позицијата „Банкарски службеник“ за филијали во следните локации:

  1. Битола
  2. Прилеп
  3. Кавадарци
  4. Куманово
  5. Охрид
  6. Гостивар
  7. Кичево
  8. Скопје – нас. Чаир

Одговорности и задачи:

  • Примање, анализа и обработка  на барањата од  клиенти – физички лица;
  • Понуда и промоција на продуктите на банката на физички лица;
  • Работа на благајна;
  • Издавање, прием, обработка и архивирање на апликации и останати документи поврзани со готовински и безготовински трансфери;
  • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни трансакциски сметки и штедни влогови;
  • Продажба на производи и услуги на терен;
  • Подготовка на каматни пресметки;
  • Подготовка на извештаи;
  • Аквизиција на нови клиенти за банката и одржување на континуирани контакти со постојаните;
  • Анализа на финансиите и пазарот на физички лица;
  • Анализа на кредитни апликации за физички лица;
  • Други работи по налог на директниот претпоставен и/или Управниот одбор.

Кандидатот треба да ги поседува следниве квалификации:

  • Универзитетска диплома економски факултет ќе се смета за предност;
  • Минимум 3 години релевантно работо искуство, ќе се смета за предност работа во банка или други финансиски институции;
  • Напредно познавање на Office пакет;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;
  • Флексибилен и проактивен пристап, со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина;
  • Способност за работа под притисок со кратки временски рокови;
  • Способност за внимание кон детали и брзо учење.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 5 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510