Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување на ИТ Систем Администратор

3

Авг. / 2021



Капитал банка А.Д. Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата ИТ Систем Администратор.

Работни обврски:

  • Техничка поддршка на корисници;
  • Администрација и параметризација на Windows Server, Windows Desktop;
  • Администрација на LAN мрежи;
  • Back up на податоци и бази на податоци;
  • Администрација и параметризација на банкарските апликации согласно бизнис барањата.

 

Кандидатот треба да ги поседува следниве квалификации:

  • Релевантно искуство од мин 1 година;
  • Познавање на ИТ оперативни системи, Windows, MS Office, Active Directory;
  • Познавање на ИТ инфраструктура и мрежи (LAN, WAN, конфигурација на основни рутери, IP телефонија);
  • Одлични вештини за управување со времето и способност за работа на повеќе задачи и давање приоритет на работата.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 5 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510