Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување на Референт за продажба на банкарски производи

7

Сеп. / 2021



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за продажба на банкарски производи во експозитурата во Прилеп.

 

Одговорности и задачи:

  • Директна продажба на банкарски производи на крајни корисници на терен
  • Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредитирање
  • Поддршка на корисниците при процес на апликацијa
  • Вкрстена продажба/cross-selling
  • Следење на потенцијални кандидати и комуникација со нив
  • Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со маркетинг стратегиите на Банката
  • Градење на долгорочна соработка со постоечките клиенти
  • Примање, анализа и обработка на барањата на клиентите - физички лица
  • Работа на благајна
  • Соодветна промоција на Банката и постојано следење на условите на пазарот
  • Други работи по налог на директно претпоставениот и/или Управниот Одбор

 

Потребни квалификации:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 5 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510