Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување - Раководител на експозитура

2

Јул. / 2024



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата: Раководител на експозитура

Локација: Гостивар

-          Работни задачи

  • Одговорност за законитоста и ефикасноста на работата на експозитурата, ликвидноста и рентабилноста на експозитурата и реализација на деловната политика и други акти на Банката;
  • Изработка на годишни планови за работа, следење на нивната реализација, анализа на работењето на експозитурата и превземање мерки за остварување на планираните задачи;
  • Подигање на деловниот имиџ на Банката, презентирање на Банката и нејзините производи и услуги;
  • Привлекување на нови клиенти – физички и правни лица;
  • Предлагање, конфигурирање и параметризирање на нови продукти и услуги;
  • Распоредување на работните обврски во експозитурата и координација на вработените во експозитурата;
  • Дневна контрола на депозитарно работење на експозитурата;
  • Планирање и управување со депозитарното портфолио во експозитурата;
  • Контрола и менаџирање на уплатите, исплатите и доспевањата, предвреме раскинати договори за депозити и депозитни сметки, дневни касови книги, трансакции по обем, откуп/продажба на девизи по обем, сомнителни трансакции и документирана покриеност; 
  • Заменик на референтот на благајна;
  • Останати работни обврски по барање на Раководителот на секторот за работа со физички лица и Управниот одбор.

-           Потребни квалификации

Работно искуство: Минимум 4 години
Образование: Минимум ССС
Дополнителни квалификации: Активно познавање на Англиски Јазик и напредно познавање на Office пакет како и лицето да не е осудено за кривични дела.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510