Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата референт во Служба за методологија и извештаи
Работни задачи
- Изработка на анализи и извештаи за кредитната способност на клиенти (правни и физички лица), по доставени барања за одобрување на кредитни изложености (Risk opinion),
- Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ,
- Оценка (мерење), следење и известување (регулаторно и интерно) за нивото на кредитниот, ликвидносниот, пазарниот и оперативниот ризик,
- Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со ризиците,
- Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во склад со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing),
- Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по одделни видови ризици,
- Активно учество во развој на процедури и политики на Банката во областа на управување со ризиците,
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Претходно искуство во областа ќе се смета за предност;
- Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- напредно користење на MS Office.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју
Секторот за работа со корпоративни клиенти нуди можност за вработување на референт за работа со корпоративни клиенти
Работни задачи
- Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
- - Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
- - Примање, анализа и обработка барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
- - Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи согласно одлука на Кредитниот одбор;
- - Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
- - Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
- - Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите;
- - Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица; -
- - Анализа на клиенти и подготовка првична на кредитни апликации;
- Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти;
- - Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти;
Потребни квалификации и компетенции:
- · Универзитетско образование;
- · Претходно искуство за работа со клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
- · Развиени комуникациски вештини потребни за соработка со клиенти;
- · Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- напредно користење на MS Office.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk.
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.