Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Раководител на служба за методологија и извештаи
Локација: Дирекција
Работни задачи
- Организирање, кординирање и одговарност за работата во рамки на секторот;
- Активности поврзани со управувањето со кредитен ризик,ризик ид концентрација,ликвидносниот ризик;
- Активности поврзани со управувањето со ризикот од промената на каматните стапки,валутниот ризик, репутацискиот ризик;
- Активности поврзани со управувањето со правниот ризик, оперативниот ризик, стратегискиот ризик;
- Активности поврзани со управувањето со ризикот од промена на законската регулатива, ризикот од конкуренција;
- Активности поврзани со управувањето со ризикот од воведување на нови производи и процеси;
- Активности поврзани со управувањето со ризикот на земја;
- Активности поврзани со пресметка на Стапка на адекватност на капитал и Сопствени средства;
- Перманентно следење и оценување на степенот на ризичност на банката и утврдување на прифатливото ниво на изложеност на ризици ;
- Предлага краткорочни и долгорочни стратегии за управување со ризици, мерки и инструменти за заштита од ризици ;
- Изготвување и доставување на регулаторните извештаи преку банкарската апликација - ERI Client;
- Изготвување на ранопредупредувачки индикатори, лимити и исклучоци за следење и контрола на ризиците на кој е изложена Банката;
- Креирање и ревидирање на интерните акти кои се однеуваат на управувањето со ризиците на кој е изложена Банката, а воедно и нивно усогласување со законската регулатива ;
- Изготвување на дневни, декадни, месечни, квартални, полугодишни и годишни интерни и законски извештаи ;
- Проектирање, следење и известување за активата пондерирана по ризици, капиталот на Банката и стапката на адекватност на капитал;
- Изготвување на СТРЕС-ТЕСТ;
- Пресметка на потребниот интерен капитал за покривање на ризиците на кој е изложена Банката;
- Изготвување на извештаи, прегледи и симулации на дополнитено барање од страна раководителот на СУР и дополнително од страна на УО, ОУР и НО ;
- Ја следи ефикасноста на функционирањето на системите во управувањето со ризиците;
- Врши истражувања и анализи со цел подобрување на функционирањето на системите во управувањето со ризиците ;
- Врши координација и управување со ресурсите во рамки на Секторот;
Потребни квалификации:
- Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
- Висок личен интегритет и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Силна етика
- Адаптабилност во динамична работна средина;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Напредно користење на MS Office.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.