Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување - Референт за работа со корпоративни клиенти

15

Јан. / 2025



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за работа со корпоративни клиенти

 

Извршители : 1

 

Локација : Струмица

 

Одговорности и задачи:

 

  • Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
  • Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
  • Примање, анализа и обработка  барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
  • Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи ;
  • Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
  • Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
  • Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите;
  • Аквизиција на нови клиенти;
  • Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица;
  • Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица;
  • Анализа на клиенти и подготовка првична на кредитни апликации;
  • Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти;

 

Потребни квалификации:

      • Универзитетско образование;
      • Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
      • Висок личен интегритет и чесност;
      • Прецизност во извршување на работните задачи;
      • Адаптабилност во динамична работна средина;
      • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
      • Напредно користење на MS Office.

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510