Capital Bank | Financial Inovation

Оглас за вработување - Референт во служба за кредитен ризик и анализа

27

Мар. / 2025



Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на  1 лице за позицијата Референт во служба за кредитен ризик и анализа

Локација: Дирекција

Работни задачи:

  • Анализа и обработка на кредитни барања од клиенти-физички лица,
  • Анализа и обработка на кредитни барања од клиенти-физички лица доставени преку алтернативните канали на Продажба,
  • Мониторинг на исполнувањето на условите на одобрените кредити ,
  • Активно учество во кредитниот процес и соработка со останатите деловни единици вклучени во истиот,
  • Изработка на информација за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ,
  • Останати работни обврски по барање на претпоставенот

 

Квалификации:

  • Работно искуство: Минимум 1 годинa
  • Образование: Минимум ВСС

Дополнителни квалификации:

  • Активно познавање на Англиски Јазик
  • Доверливост при изработка на сите документи и кореспонденција со кои се среќава при вршењето на работата;
  • Висок личен интегритет и чесност;
  • Прецизност во извршување на работните задачи;
  • Силна етика;
  • Адаптабилност во динамична работна средина;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Напредно користење на MS Office.

 

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

 

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510