Capital Bank | Financial Inovation

Нова атрактивна локација на експозитурата на Капитал Банка во Тетово

2

Апр. / 2025



Отсега на нова атрактивна локација експозитурата на Капитал Банка во Тетово!

Експозитурата на Капитал Банка во Тетово ја промени својата локација и отсега се наоѓа на уште поатрактивна локација во строгиот центар на Тетово, лоцирана на Бул. Илинденска А2-2 бр.13-1. На овој начин Банката станува полесно достапна до своите сегашни и идни клиенти.

Свеченото отворање го изврши директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов, кој истакна:

„Стратешка цел на банката е да бидеме лесно достапни до нашите клиенти и да им овозможиме квалитетни банкарски услуги. Со новата локација на експозитурата, продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал Банка како водечки финансиски партнер на физичките и корпоративните клиенти. Приоритет е секогаш да обезбедиме брза и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија.

Ве покануваме да не посетите од понеделник до петок од 08-16 часот и да се информирате за нашата широка палета на производи и услуги за физички и правни лица.

Нашиот тим од врвни професионалци Ви стои на располагање за сите прашања и потреби!

Ве очекуваме!

Тел: 044/352 233, 044/352 235 и 075/259-465

e-mail: tetovo@capitalbank.com.mk



Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510