Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на 1 лице за позицијата Самостоен референт – Системски Администратор
- Деловна единица Одделение за ИТ
• Работни задачи
- Познавање на Windows Desktop/Server, AD, GPO, DHCP, DNS, Antivirus;
- Инсталација, конфигурација и администрација на сервери (Аппликациски сервер, File сервер, Mail сервер, Web сервер);
- Мониторинг и анализа на ИТ ресурси и перформанси;
- Познавање на LAN мрежи и IP телефонија;
- Познавање на менаџирање на телефонска централа;
- Backup на податоци и бази на податоци;
- Администрација и параметризација на банкарските апликации согласно бизнис барањата;
- Техничка поддршка на корисници (Подесување на принтер/скенер, преинсталација на клиентски ОС.)
• Квалификации
Работно искуство и образование: Минимум 2 години и ВСС
Дополнителни квалификации:
• Активно познавање на Англиски Јазик
• Висок личен интегритет и чесност;
• Прецизност во извршување на работните задачи;
• Силна етика
• Адаптабилност во динамична работна средина;
• Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
• Напредно користење на MS Office.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk
Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.