Самостоен референт - Администратор на бази на податоци
- Работа со софтвер за бази и манипулирање/организирање со податоците и доставување извештаи.
- Осигурување дека софтверот за бази е up to date.
- Доделување пристапи до базите.
- Осигурување дека базите ги исполнуваат побарувањата на корисниците на системите.
- Мониторинг на перформансите на базите
- Обезбедување на рачен бекап по потреба и осигурување дека автоматскиот функционира и ги исполнува барањата
- Периодично тестирање на бекапи по потреба.
- Генерирање на извештаи и потребна документација.
- Водње на диаграми со релации од табелите и нивно навремено ажурурање.
- Следење на репликацијата на базите во резервната локација и исполнување на планот за континуитет во работењето со периодично тестирање.
- Развивање и одржување на reporting dashboards.
- Подготовка и автоматизација на редовни и ад-хок извештаи согласно барањата на деловната страна.
- Останати работни обврски по барање на Раководителот на Одделението за ИТ и/или Управниот одбор.
Потребни квалификации:
- Високо образование (предност областа на информатика).
- Пожелно е искуство со изработка на извештаи во Банкарски сектор.
- Практично искуство со MSSQL Server.
- Познавање на T-SQL и оптимизација на queries.
- Искуство со алатки за извештаи, напредно познавање на Microsoft Excel.
- Добри аналитички и логички способности.
- Способност за работа во тим и добра комуникација со различни профили на корисници.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени. Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса:
📩jobs@capitalbank.com.mk.
(задолжително да се наведе за која позиција се аплицира).
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на Банката, согласен/на си твоите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. Повеќе информации за обработката на Вашите лични податоци ќе најдете во Политиката за приватност.