Capital Bank | Financial Inovation
Платен промет за правни лица во земјата

Платниот промет во земјата подразбира плаќања во денари кои ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет.

Носители на платниот промет се Народна банка на Република Македонија, домашните банки кои имаат дозвола за вршење платен промет, филијали на странски банки, Трезорот при Министерството за финансии и Трезорот на Фондот за здравствено осигурување како посебни носители на платниот промет.

Учесник во платниот промет е домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари од својата трансакциска сметка преку носителот на платниот промет.

Банката денарските плаќања за своите комитенти ги извршува преку:

  • интерен платен промет (за плаќања во кои се вклучени депонентите на Банката, уплати и исплати на готовина);
  • меѓубанкарски платен промет (за плаќања кои се извршуваат преку два система на порамнување помеѓу депоненти на две банки.

Двата системи за порамнување на меѓубанкарскиот платен промет се:

  • МИПС – Македонски Интербанкарски Платен Систем на Народна банка на Република Македонија претставува Систем за бруто порамнување во реално време, преку кој се процесираат големите плаќања над 1 милион денари и итните плаќања во помали износи;
  • КИБС – Клириншки Интербанкарски Систем претставува систем за одложено нето порамнување кое се врши на крај на пресмтековниот ден преку кој се процесираат плаќања помали од 1 милион денари.


Платни инструменти кои најчесто се користат во платниот промет во земјата се:

  • Уплатница - (Образец ПП10);
  • Налог за пренос на средства - (Образец ПП30);
  • Налог за исплата на готовина - (Образец ПП40);
  • Налог за плаќање јавни приходи (Образец ПП50);
  • Налог за збирно плаќање кон повеќе корисници (Образец ПП53).

Услуга за преносливост на платежна сметка

Капитал Банка АД Скопје го извршува платниот промет во земјата според следниот термински план:


1.Прием и обработка на безготовински налози за плаќања со валута на тековниот пресметковен ден: 

  • МИПС - 8:00 - 16:15; 
  • КИБС - 8:00 - 13:45;
  • Интерен клиринг - Во рамки на работното време на Експозитурите.

2.Прием и обработка на безготовински налози за плаќања со иден датум на извршување:

  • Во рамки на работното време на Експозитурите.

3.Уплата и исплата на готовина на или од сметка на клиент на Капитал банка:

  • Во рамки на работното време на Експозитурите.

4.Сабота:

Уплата и исплата на готовина на или од сметка на клиент на Капитал банка:

  • Во рамки на работното време на Експозитурите.

Прием и обработка на безготовински налози – интерен клиринг:

  • Во рамки на работното време на Експозитурите.

 За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 553; 3102 542 или e-mail: info@capitalbank.com.mk .

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510