Capital Bank | Financial Inovation
Платен промет за правни лица со странство 

 

Платен промет во странство претставува пренос на средства од налогодавачот до корисникот, кој може да биде физичко или правно лице, а се резиденти на различни земји. Платниот промет се врши во склад со прописите на секоја земја поединечно согласно прифатени меѓународни стандарди кои ги уредуваат економските односи во странство.


Сите учесници во платниот промет со странство потребно е да имаат девизна трансакциска сметка во Капитал Банка АД Скопје.


Платниот промет се врши преку тековните сметки во странска валута на овластените банки во странство и во РМ како и преку сметките во странска валута или во денари на странските банки и други нерезиденти на РМ на начин кој го уредува НБРМ и законот за девизно работење.

Потребни податоци за испраќање средства во странство со дознака - ностро дознаки:

  • Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето;
  • Точна адреса;
  • Бројот на сметката или IBAN бројот (кој важи за повеќето западноевропски земји);
  • Бројот на филијалата т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност);
  • SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен);
  • Документ (согласно упатството за начинот за вршење на платен промет со странство);
  • Потпишани обрасци 1450.


Потребни податоци за прием на средства од странство - лоро дознаки:

  • Име и презиме или назив на фирмата корисник на плаќањето;
  • Адреса;
  • Број на сметката или IBAN број (можете да го добиете на сите шалтери на Банката);
  • Името на нашата банка CAPITAL BANK AD SKOPJE;
  • Адреса на банката Nikola Kljusev str., No 1, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia;
  • Нашиот SWIFT кoд KAPBMK22.

Банката го известува клиентот – резидент за извршена наплата од нерезидент најдоцна наредниот ден од приемот на покритието, а корисникот на наплатата – резидентот е должен во рок од пет работни дена од приемот на известувањето да и ги достави на банката сите потребни податоци за одобрување на приливот. Банката ја одобрува тековната сметка на клиентот најдоцна наредниот ден по приемот на податоците.

Банката постапува по прифатен налог за извршување на плаќање во странство со датум на валута најдоцна третиот работен ден од датумот на прифаќање на налогот, во спротивно за неприфаќање на налогот банката го известува налогодавачот најдоцна наредниот ден од денот на поднесувањето на налогот.

Сите наплати и плаќања од странство подлежат на специфичен девизен режим и соодветна законска регулатива.

За вистинитоста на податоците и автентичноста на приложената документација одговорност сносат корисникот на наплатата – резидент односно налогодавачот – резидент.

Правила за добивање на парични средства:

 

  • Правното лице кое добило прилив од странство добива известување од Капитал Банка за пристигнатиот прилив и во рок од пет работни дена е должно да ја извести банката за распоредување на приливот. Доколку Банката не добие информација од клиентот правното лице за основот на приливот Банката ги распределува на посебна сметка;
  • Средствата од приливот клиентот правното лице може да ги користи за плаќање во странство, за службени патувања или д аги понуди на девизен пазар и да добие средства во денарска противвредност;
  • Пропишан образец за обработка на девизен прилив 746.

 

Правила за плаќање во странство:

 

  • Правните лица е потребно задолжително да обезбедат покритие за правење на дознака во странство. Покритието може да биде од пристигнати средства од девизен прилив, купени средства на девизен пазар или девизен кредит;
  • Правното лице е должно да достави документ до банката по кој основ да се изврши плаќањето(фактура договор и сл);
  • Потпишан и печатиран образец 1450.


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 525; 3102 559 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510