Capital Bank | Financial Inovation


Промотивен Станбен кредит

Таргет група

Сите резиденти на РCМ кои се во редовен работен однос минимум 12 месеци  на определено или минимум 6 месеци доколку се на неопределно работно време.

  • Институции финансирани од Буџет на РСМ;
  • Акционерски друштва;
  • Јавни претпријатија;
  • Синдикати;
  • Бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката
  • Приватни компании
  • Самостојни вршители на дејност (Freelancer);

Намена на производот

Купување на станбен и деловен простор, реновирање и изградба I рефинансирање на станбен кредит во друга Банка

Висина на кредит

Во зависност од обезбедувањето, максимум ЕУР 300,000

Учество

Минимум 15%

Рок на отплата

Минимум 180 месеци 

Максимум 360 месеци

 

Каматна стапка

2,50% фиксна за првите 10 години, променлива за следните години 5,50% (6М ЕУРИБОР + 1,57 п.п) за девизен кредит, но не може да биде пониска од 5,50% и повисока од законски пропишаната казнена камата за долг во евра.

Грејс период

3-12 месеци по барање на клиентот

Провизија за обработка на барање

1,00% еднократно при одобрување

Административен надомест

0.12% еднократен административен надомест, пресметан на висината од месечниот остаток од главницата од одобрените средства, којшто Банката може да ги наплати еднократно но да го пресмета и подели на еднакви месечни износи вкалкулирани во месечниот ануитет.

При целосна предвремена отплата на кредитот се наплаќа остатокот на пресметаната провизијата до крајот на периодот, а доколку се рефинансира во Капитал Банка се наплаќа 50% од вкупно остатокот на пресметаната провизија до крајот на периодот.

 

200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ).

800 МКД еднократен трошок за аплицирање

Отплата

 Месечна отплата со еднакви ануитети

Надомест за предвремена целосна отплата на станбени кредити

  • Во случај на целосна или делумна предвремена отплата на кредитот во фиксниот и променливиот период:

-          3,00% од износот на неотплатената  главница доколку се рефинансира од друга банка

-          0,00% провизија со сопствени средства

Обезбедување

 

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

  • хипотека на недвижен имот каде што одобрениот износ на кредитот треба да е 85% од проценета вредност на колатералот;
  • Договор за гаранција;

*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

Начин на отплата

Административна забрана на плата, автоматско повлекување на средства од сметка за приматели на плата во Капитал Банка*

 

*45 дена рок за префрлање на платата во КБ. Доколку не се префрли во одредениот рок или после одреден период примање на плата во КБ ја префрли во друга банка ќе му се пресметува законски пропишаната казнена камата.

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот од 73 години на денот на достасување на кредитот;
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Максимална задолженост 50% од нето-приход за вработени во ЈП, фирми финансирани од Буџет и АД, односно максимум 50% за сите останати баратели;
  • Полиса за животно осигурување (можност за вклучување на премијата во одобрениот износ на кредитот)

Неопходна документација

  • Документ за идентификација
  • ЗППОП (потврда за редовен работен однос и висина на плата)
    • Дополнително за вработени во мали приватни комании
  • Плата во Капитал Банка освен за вработени во банкарски сектор;
  • За вработени во приватни фирми извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
  • Проценка од овластен проценител;
  • Имотен лист или лист за предбележување од градежни компании прифатливи за Капитал Банка;
  • Полиса со винкулација во корист на Банката.

-       М1/М2 образец

-       ПП 53 Декларации за прием за последни 3 месеци

  • Дополнително согласно намената:

-       Предмет на финансирање купување на имот:

преддоговор за купопродажба

-       Предмет на финансирање градба , доградба на имот: проект и предмер пресметка

-       Предмет рефинансирање на станбен кредит:

договор за станбен кредит

Поврзан производ

  • Кредитна картичка МАСТЕРКАРД без чланарина за првата година со потполнета и потпишана апликација од клиентот во износ од две плати.
  • Дозволено пречекорување на трансакциска сметка за приматели на плата до две плати.
  • Бесплатно активно електронско банкарство
  • Дебитна картичка МАСТЕРКАРД
  • Полиса за животно осигурување (можност за вклучување на премијата во одобрениот износ на кредитот)

СВТ

СВТ: 5,13%

- Пресметката е направена за износ од ЕУР 50,000, со каматна стапка 2,50% фиксна за првите 10 години и 5,50% променлива во преостанатиот период (6М ЕУРИБОР + 1,57  п.п.), рок 360 месеци, месечен надомест на остаток на главница за одржување 0,12%, провизија за одобрување 1,00% и 800 мкд еднократен трошок за аплицирање.

Одобрување

10 дена од комплетирање на потребната документација

 

 

 

 

 

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510