Capital Bank | Financial Inovation

22 година, финансиска иновација, доверба, стабилност и посветеност кон клиентите!

 


Капитал Банка АД Скопје оваа година одбележа 21 година на македонскиот пазар. Како Прва банка со странски капитал во банкарскиот сектор, постави основа за трансформација на банкарската индустрија во Македонија.

 

Банката во 2000 година прва на пазарот пласираше дебитни и кредитни картички, charge и revolving кредити, инстант кеш кредити, бизнис пакети и ПОС мрежа, како и услуги во полето на опслужување на правни лица во областите на кредитирање, платен промет, издавање гаранции, исплата на плати, електронско банкарство и друго. Од самиот почеток на своето работење Капитал Банка стана синоним за внесување иновации на банкарскиот пазар во земјата, водејќи се од основната цел да понуди високо квалитетна услуга на своите клиенти, ефикасност и транспарентност.

 

Од 2007 година Капитал Банка станува дел од Alfa Finance Holding, водечка Бугарска групација во полето на финансиски услуги, недвижнини, индустриски минерали, извори на чиста и обновлива енергија, активна низ Југоисточна Европа. Оттогаш па натаму, промовира нова структура, иновативен пристап, менаџмент и стратегија на работење.

 

Во моментов Банката преку својата Централа во Скопје, шест експозитури и еден шалтер на територијата на Македонија ги извршува сите банкарски трансакции во земјата и странство.

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510