ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА
КАПИТАЛ БАНАКА
Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на веб-страницата или некои од другите веб базирани услуги на Банката, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.
Капитал Банка АД Скопје, во својство на контролор, согласно Законот за заштита на лични податоци, ги информира своите клиенти, за начинот на кој се врши обработка на лични податоци при посета на:
- официјалната интернет страница на Банката
- страницата за електронско банкарство
- апликациите за мобилно банкарство на IOS и Android платформи
- страницата за апликацирање на кредит или при користењето на некоја од останатите услуги кои ги нуди Банката.
Пред сè Грижата за клиентите и за нивната приватност претставува приоритет во Капитал Банка.
1. Типови на податоци кои се обработуваат од страна на Банката
Банката може да врши обработка на следните типови на лични податоци:
- Податоци за идентификација – (име, татково име, пол, број на лична карта, ЕМБГ, датум и место на раѓање и други демографски податоци).
- Податоци за комуникација – (адреса и е-пошта, телефонски број за контакт).
- Податоци во врска со неисполнување на статусот на клиентот за неговите финансиски обврски, како што се раскинувања на договори за заем и кредит, налози за плаќање, побарувања и решенија за решавање и стечај.
- Податоци добиени од извршувањето на договори на клиентот со Банката и употребата на производите што му биле обезбедени.
- Податоци за економската, семејната и имотната состојба - (професија, брачна состојба, заработка и друга документација).
- Податоци добиени од платежни трансакции и услуги за плаќање.
- Податоци за кредитната способност и изложеност на клиентот со претходната добиена согласност за извод МКБ.
- Податоци поврзани со идентификаторите на корисникот и неговото трансакциско однесување обезбедени од уреди или апликации (обезбедени преку лог записи) што тој ги користи, како што се IP адреса или други податоци обезбедени преку уреди што ги користи Клиентот како идентификатори на локации и колачињата кои ги користи контролорот, во комбинација со конкретни идентификатори, може да се користат за идентификација на клиентот.
Видот и бројот на собраните податоци од страна на Контролорот-Банката зависи од видот на услугата и продуктите кои ги користат клиентите.
2. Основ за обработка на личните податоци од страна на Банката
Банката ги обработува личните податоци на начин што е во согласност со целта за која истите биле собрани по претходна слободна дадена согласност од страна на клиентите. Обработката се врши со цел да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ при извршување на банкарски и финансиски услуги потребни за реализирање на договорните обврски со клиентите, сите потребни активности неопходни за работење и администрирање на институции одговорни за кредитни и финансиски услуги, како и овозможување пристап на клиентите до одредени информации или понуди.
3. Како ги собираме личните податоци од клиентите
Банката личните податоци ги собира преку повеќе различни канали, и тоа:
- преку нашата е-адреса: info@capitalbank.com.mk;
- преку Вашето користење на нашата веб-страница, мобилни апликации вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање за продуктите кои Ви се потребни;
- преку пошта;
- од други контролори преку интернет или приватна електронско-комуникациска врска;
- преку видео надзор.
4. Употреба на колачиња - „Cookies”
Банката користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и другите вер-базирани услуги, познати како „cookies“ (колачиња).
На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб страната или другите веб-базирани услуги и да го препознаат прелистувачот следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб страна. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот на Банката и сајтот на Интернет банка.
Со користењето на нашата веб страница согласно „Политика за колачиња (COOKIES)“ која контролорот Јавно и транспарентно ја објавува на својата интернет страна и може да се најде на следниот линк, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите на нашата Политиката за приватност. Доколку не се согласувате со истата, ве молиме не ја користете нашата веб страница.
5. Споделување на информации
Банката не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.
6. Пристап до личните податоци
Пристап до личните податоци се овозможува на:
- Овластените вработени во Банката со цел исполнување на договорните обврски што произлегуваат од договорите потпишани помеѓу клиентите и Банката како и исполнување на релевантните законски обврски од страна на Банката.
- Физички и правни лица, на кои Банката им доделува извршување на одредени задачи во нејзино име, како што се, компании кои обезбедуваат услуги за известување на должници, адвокати, нотари и извршители, даватели на услуги поврзани со развој и одржување на ИТ апликации и бази на податоци како и компании кои обезбедуваат веб-хостинг услуги. Во сите случаи, лицата споменати погоре се обврзани на доверливост и обезбедување заштита на обработката на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци со сите негови подзаконски акти, дополни и измени.
- Компании за наплата на долгови, како и субјекти на финансискиот сектор, вклучително и домашни или странски компании за инвестиции, во случај на пренесување (отстапување) на побарувања што произлегуваат од договори за кредит.
- Надзорни, ревизорски, независни, судски, јавни или други органи и тела во рамките на нивните законски задачи, должности и овластувања (УЈП, НБРМ,УФР и сл.).
- Сите банки и институции за финансиски услуги (депозитарни банки, коресподентски банки, во зависност од договорот и сл.).
Пристапот до личните податоци се овозможува само врз основа на закон или врз основа на изречна согласност на клиентот.
7. Пренос на лични податоци
Во согласност со важечките прописи, податоците може да бидат пренесени на трети страни, а врз основа на Ваш налог/согласност при користење на производите и услугите на Банката. Вашите информации може да бидат пренесени и во други земји. (на пр., при користење на услугата е-банкарство и вршење платен промет кон странство), врз основа на налог/согласност на клиентот предвидено со закон, при користење на услугите на Банката.
8. Време на чување на податоците
Банката ги чува личните податоци до завршување на целта за која се собрани односно до исполнување на сите договорни и законски обврски. Банката има законска обврска за чување на податоци која произлегува од Законот за банки, Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Законот за хартии од вредност, Законот за заштита на лични податоци и сите други релевантни закони кои се поврзани со финансиските институции. Временските рокови дефинирани во овие прописи се движат од две до десет години во зависност од соодветната законска регулатива.
Доколку, со истекот на горенаведениот период, се водат судски постапки со Банката или било која поврзана компанија, во директна или индиректна врска со Клиентот, периодот на чување на податоците се продолжува до конечна судска одлука.
Доколку Банката обработува лични податоци за статистички цели по истекот на рокот за нивно чување, истите (трајно) ги анонимизира на начин на кој клиентот не може да биде идентификуван.
9. Заштита на обработката на лични податоци
Банката ги презема сите пропишани технички и организациони мерки и применува систем за управување со безбедноста на информациите за да се обезбеди доверливост и безбедност на постапката за обработка на личните податоците на Клиентите, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба и да ги заштити од случајно или незаконско уништување, губење, промена, неовластено откривање или пристап и каков било друг облик на незаконска обработка. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
10. Права на клиентот за заштита на личните податоци
Клиентот, согласно Законот за заштита на личните податоци има право на:
- · Информираност и пристап
Клиентот има право да биде точно информиран за тоа како неговите лични податоци се собираат, целите за кои се собираат, изворот на податоците, начинот на обработка и други информации за неговите лични податоци кои ги обработува Банката.
- Исправка или дополнување на личните податоци
Клиентот има право во било кое време да побара исправка на неговите неточни лични податоци, како и право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава. Ова во исто време е и обврска на Клиентот.
- Ограничување на обработката на личните податоци
Клиентот има право да побара ограничување на обработката на своите лични податоци, ако е исполнет еден од следните услови:
- точноста на личните податоци се оспорува од субјектот на личните податоци, за период кој му овозможува на контролорот да ја провери точноста на личните податоци;
- обработката е незаконска и клиентот се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба;
- за целите на обработка, контролорот нема повеќе потреба од личните податоци, но клиентот ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања;
- клиентот се спротивставува на обработката, во очекување на верификација дали легитимните интереси на контролорот преовладуваат над интересите на клиентот.
- Бришење на неговите лични податоци
Клиентот има право да побара бришење на неговите лични податоци, за што мора да биде исполнет еден од следните услови:
- личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или обработени;
- клиентот ја повлекува согласноста врз која се заснова обработката и не постои друга законска основа за обработката;
- клиентот приговaрa на обработката и неме друга законска основа за обработката;
- личните податоци биле незаконски обработени;
- личните податоци треба да бидат избришани со цел почитување на обврска утврдена со закон кој се однесува на контролорот;
- личните податоци биле собрани за цели на обезбедување услуги на информатичко општество.
- · Преносливост на податоците
Клиентот може да побара податоците што тој ги доставил на Контролорот - Банката да бидат пренесени на друг контролор. Остварувањето на правото на преносливост не подразбира бришење на податоците од евиденцијата на Банката. Бришењето се одвива под условите утврдени во претходниот став.
- · Приговор и автоматизирано донесување на одлуки
Клиентот, врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право на приговор на обработката на неговите лични податоци, потребна за извршување на работи од јавен интерес, или кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на Банката, вклучувајќи и профилирање. Доколку личните податоци од клиентот се обработуваат за цели на директен маркетинг, клиентот има право да поднесе приговор на обработката поврзани со овој вид на маркетинг.
Клиентот има право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици за него или на сличен начин влијае на него.
Ова право не се применува ако одлуката:
- е потребна за склучување или извршување на договор меѓу клиентот и Банката;
- е дозволена со закон што се применува во однос на Банката или
- се заснова на изречна согласност на клиентот.
- Повлекување на согласноста
Клиентот има право да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласност пред истата да биде повлечена, кога обработката на податоците се врши врз основа на дадена согласност за обработка.
11. Како клиентот да ги оствари своите права
За остварување на правата наведени погоре, клиентот може:
• да се обрати во дирекцијата на Банката со доставување до архивата на банката на образец Барање за остварување на права. Образецот може да се симне од следниот линк, или истиот да го симнете од интернет страната на банката во делот на „Акти од областа на заштита на личните податоци“,
• да ја контактира Банката по е-пошта на: info@capitalbank.mk,
Банката ќе му одговори на клиентот во соодветениот законски рок согласно поднесеното барање, а најмногу триесет (30) дена по поднесувањето и приемот на барањето. Овој рок може да биде продолжен за дополнителни 2 месеци, доколку Банката смета дека е потребно, земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата кој ќе ги достави клиентот.
Банката ќе го информира Клиентот за продолжувањето на рокот, но не повеќе од триесет (30) дена од приемот на барањето и ќе ги наведе причините за продолжувањето.
Доколку Банката не преземе активности во врска со барањето на клиентот, таа ќе го извести Клиентот без одлагање и најдоцна во предвидениот рок од триесет (30) дена од приемот на барањето, за причините за непреземање на активности и за можноста Клиентот да поднесе барање до АЗЛП, како и можноста за користење на правна заштита.
Горнаведените информции од страна на Контролорот-Банката се обезбедуваат без надоместок. Меѓутоа, кога барањата од Клиентот се очигледно неосновани или прекумерни, особено во однос на нивниот повторувачки карактер, Банката може да наплати соодветен надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за одговор или да одбие да одговори на барањето.
Информации за Контролорот:
Контролор на личните податоци е:
Капитал Банка АД Скопје
Седиште: Централа
Ул.Никола Кљусев бр.1
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: +389 2 3102 500;
email: info@capitalbank.com.mk
Офицер за заштита на лични податоци:
Контакт: privacy@capitalbank.com.mk
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Капитал Банка АД Скопје при користењето на: официјалната интернет страница на Банката, страницата за електронско банкарство, апликациите за мобилно банкарство на IOS и Android платформи и при користењето на некоја од услугите кои ги нуди Банката на нашата веб страница, ве молиме контактирајте нè на наведената адреса.