Capital Bank | Financial Inovation

MasterCard Business картичка

 


MasterCard бизнис картичка се користи за потребите на правното лице. Доколку имате потреба од службени патувања, подмирување на трошоци за хотели, ресторани, деловни ручеци, сите трошоци може да ги подмирите со бизнис картичката.


Корисник на кредитна картичка може да биде секое полнолетно лице од правното лице кое се јавува како подносител на барањето за кредитните картички. Лимитот на картичката зависи од бонитетот на правното лице. Kаматна стапка изнесува 12 % на годишно ниво.


За извршените трансакции (потрошениот износ) секој први во месецот се изготвува извод, врз основа на кој корисникот е должен 30 дена од изготвување на истиот да го уплати износот.


Уплатата може да се изврши директно на шалтерите на КАПИТАЛ Банка, преку КИБС на жиро сметката на банката 330- 0807100009-93 или пак преку МИПС на 100-0000000330-25.

 


Потребни документи за поднесување барање за добивање на кредитна картичка:

 

  • Пополнет Договор за издавање на користење на инструменти за безготовински плаќања - бизнис картички MasterCard на правното лице;
  • Барање за издавање на користење на инструменти за безготовински плаќања-бизнис картички MasterCard на правното лице;
  • Тековна состојба од правното лице издадена од Централен Регистар на РМ не постара од 6 месеци;
  • Фотокопија од заверени потписи на лицата овластени за застапување;
  • Фотокопија од лична карта на одговорно лице, управител;
  • Завршна сметка за последната година;
  • Извештај од ревизорска куќа (ако е АД);
  • Потврда од суд дека правното лице не е под стечај;
  • Меница и административни забрани на плата за барателот и жирантите.

 


Во зависност од бројот на картичките, се доставуваат пополнети обрасци Договор за издавање на користење на бизнис картичка MasterCard на КАПИТАЛ Банка АД Скопје. Барањето го пополнува секој барател своерачно, во прилог на кое се доставува и фотокопија од лична исправа за секој барател.

 


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510