Capital Bank | Financial Inovation

            Промотивен хипотекарен кредит

Таргет

Сите резиденти на РCМ кои се во редовен работен однос минимум 12 месеци  со непрекинат работен стаж на определено работно време или минимум 6 месеци со непрекинат работен стаж на неопределено работно време.

Намена

Ненаменски потрошувачки кредит

Висина на кредит

Во зависност од обезбедувањето

Рок на отплата

До 240 месеци

Номинална каматна стапка

  • 0,00% фиксна за првата година, 3,00% фиксна наредните 9 години, променлива за следните години 7,00% (6М ЕУРИБОР+ 3,328 п.п) за девизен кредит, но не може да биде пониска од 7,00% и повисока од законски пропишаната казнена камата за долг во евра.  

*Доколку референтната каматна стапка ЕУРИБОР има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка ќе се земе со вредност 0,00.

Провизија за обработка

1,50% еднократно при одобрување минимум 1.000,00 денари

Надомест за предвремена целосна отплата на потрошувачки кредити обезбедени со хипотека

  • Во случај на целосна или делумна предвремена отплата во период на факсна каматна стапка на кредитот

-          5,00% од износот на предвреме отплатената главница

  • Во случај на целосна или делумна предвремена отплата во период на променлива каматна стапка на кредитот

-          5,00% од износот на предвреме отплатената главница

Административен надомест

0.32% еднократен административен надомест само за девизни кредити, пресметан на висината од месечниот остаток од главницата од одобрените средства, кој што Банката може да го наплати еднократно или да го распредели на еднакви месечни износи вкалкулирани во месечниот ануитет.

При целосна предвремена отплата на кредитот се наплаќа остатокот на пресметаната провизијата до крајот на периодот, а доколку се рефинансира во Капитал Банка се наплаќа 50% од вкупно остатокот на пресметаната провизија до крајот на периодот.

200 МКД административен надомест за користење на податоци од Македонско Кредитно Биро (МКБ)

 

800 МКД еднократен трошок за аплицирање

Изработка на нова динамика на враќање на кредит

1,00% од неотплатената главница, мин 1.000,00 денари, максимум 10.000,00 денари

Отплата

Месечна отплата со еднакви ануитети

Користење на средствата

Одобрениот износ се префрла на сметката на кредитокорисникот во Капитал Банка АД Скопје

 Обезбедување

 

Прифатливо обезбедување по извршена кредитна анализа на Банката:

  • хипотека на недвижен имот при што одобрениот износ на кредитот треба да е 70% од проценета вредност на колатералот;
  • Договор за гаранција

*Потврда за вкупен долг од ФД да се достави само при исплата на кредитот, а доколку има промени во состојбата клиентот да си ја доплати разликата.

       *Наменските кредити од ФД да не се земаат во предвид како брзи кредити (приложена документација)

*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување.

* не земајќи го в предвид износот потребен за плаќање на премијата за животното осигурување

Општи услови за аплицирање

  • Максимална возраст на клиентот од 73 години на денот на достасување на кредитот;
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката и категории на ризик А и Б на ниво на банкарскиот систем;
  • Максимална задолженост 50% од нето-приход за вработени во ЈП, фирми финансирани од Буџет, АД и бонитетни приватни фирми прифатливи за Банката, односно максимум 45% за сите останати баратели
  • **Плата во Капитал Банка
  • *Полиса за животно осигурување (опционално)

* не земајќи го в предвид износот потребен за плаќање на премијата за животното осигурување

**45 дена рок за префрлање на платата во КБ. Доколку не се префрли во одредениот рок или после одреден период примање на плата во КБ ја префрли во друга банка ќе му се пресметува законски пропишаната казнена камата.

Неопходна документација

  • Документ за идентификација
  • ЗППОП (потврда за редовен работен однос и висина на плата)
  • Административна забрана на плата или за правни лица кои не заверуваат забрани на плата задолжителен услов плата во Капитал Банка;
  • Извод од трансакциска сметка за последните шест месеци
  • Проценка од овластен проценител;
  • Имотен лист;
  • Полиса со винкулација во корист на Банката.
  • Дополнително за вработени во мали приватни комании

-       М1/М2 образец

-       ПП 53 Декларации за прием за последни 3 месеци

Начин на отплата

Административна забрана на плата, траен налог или автоматско повлекување на средства од сметка за приматели на плата во Капитал Банка

Поврзани производи

  • Задолжителна кредитна картичка МАСТЕРКАРД без чланарина за првата година со потполнета и потпишана апликација од клиентот во износ до две плати.
  • Дозволено пречекорување на трансакциска сметка за приматели на плата до две плати.
  • Бесплатно активно електронско/мобилно банкарство

Одобрување

10 дена од комплетирање на потребната документација


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510