Capital Bank | Financial Inovation

Траен налог

 


Траен налог е договорен однос помеѓу сопственикот на сметката и банката, според кој сопственикот на сметката ја овластува банката во негово име и од негова сметка да врши редовни плаќања во еднакви или различни износи во согласност со договорените услови на плаќање на редовните трошоци. Да врши пренос на средства на друга трансакциска сметка, денарска штедна книшка во банката, како и отплата на кредити издадени од банката.

 


Трајниот налог е исклучително корисен производ со чие користење:

 

  • Штедите време - со плаќање преку траен налог не мора да трошите време да чекате во ред во местата за плаќање;
  • Штедите пари - преносот на средствата од трансакциска тековна сметка на која било друга сметка во банката се вршат без надомест;

 

Со користење на траен налог не мора да се сеќавате на датумот на доспевање и да брзате со плаќање, бидејќи парите автоматски се префрлаат на тој ден од Вашата сметка и никогаш не сте доцна со плаќање, а на тој начин избегнувате плаќање на казнена камата.

 

Капитал Банка АД Скопје нуди можност на своите клиенти своите обврски да ги плаќаат преку трaен налог.

 

Се што е потребно да направите е да појдете во најблиската експозитура или шалтер на банката каде нашите вработени ќе Ве информираат за начинот на активирање на Вашиот траен налог.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 563;3102 536 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510