Capital Bank | Financial Inovation

Трансакциска сметка

 


Трансакциска сметка е сметка преку која систематски се следи работењето помеѓу два деловни партнери, од кои едниот е банката, а другиот нејзиниот комитент.

 


Право на отворање на трансакциска сметка имаат сите полнолетни лица граѓани на Р.Македонија како и физички лица странски државјани, што остваруваат примања од редовен работен однос, пензиско, инвалидско осигурување, или по друг основ, кои согласно законската регулатива имаат третман на резидент и имаат лична карта за странец издадена од МВР на РМ.

 


Со отвaрање на трансакциска сметка во Капитал Банка АД Скопје, Ви гарантираме сигурност и доверливост на Вашите податоци.

 


Средствата од истата може да ги користите во секое време преку следниве инструменти:

 

  • Потписна картичка – за вршење готовински и безготовински трансакции;
  • Дебитна картичка – клиентите можат да располагаат со средствата на својата трансакциска сметка во секој момент преку дебитна картичка од брендот Maestro;
  • Преку услугата електронско банкарство;
  • Преку траен налог.

Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510