Capital Bank | Financial Inovation

Електронско Банкарство

 

Почитувани корисници,

Би сакале да Ве известиме дека Капитал Банка воведува е-банкарство за физички лица, кое е достапно за нашите корисници.


Основни информации

 


Капитал Банка АД Скопје на сите свои клиенти им става на располагање виртуелна експозитура, која работи 24 часа 7 дена во неделата, преку која им е овозможено да ги извршуваат сите банкарски трансакции по електронски пат, применувајќи највисока технологија за сигурност на податоците.

 


Користејќи ја E-banking услугата, клиентите можат да ги реализираат следниве услуги:

 

  • Вршење трансфери на денарски средства;
  • Следење на моменталната состојба на сметка;
  • Преглед на трансакциите на сметка (приливи и одливи);
  • Печатење на извод и движење на сметка;
  • Примање и испраќање известувања.

Кои се предностите на користење на E-Banking услугата на Капитал Банка:

 

  • Брзо и едноставно користење;
  • Заштеда на време и пари;
  • Користење на најсовремена технологија за заштита на податоци;
  • Контрола, следење и пристап до вашата сметка 24 /7;
  • Вршење на трансакции од било која локација и во секое време;
  • Највисоки безбедносни стандарди и тајност.

 

За да сте корисник на услугата, се што Ви е потребно е следново:

 

  • Отворена трансакциска сметка во Капитал Банка;
  • Пополнето барање за користење услуга Е-Banking;
  • Пополнет договор за користење на услугата E-Banking;

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или во нашиот Контакт центар на тел: + 389 2 3102 541; 3102 542 или e-mail: info@capitalbank.com.mk .

 

 

ПРИСТАП ДО ПОРТАЛОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510