Capital Bank | Financial Inovation

Денарска трансакциска сметка


Денарска Транскациска сметка за правни лица во Капитал Банка АД Скопје можат да отворат сите правни лица со седиште во Република Македонија, како и странски правни лица.

Резидентите може да отворат неограничен бој на денарски сметки кај една деловна банка.

Потребни документи за отварање на денарска трансакциска сметка за правно лице кои е потребно да ги обезбеди законскиот застапник:

  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен регистар;
  • ЗП Образец, заверен на нотар;
  • Документ за идентификација на законскиот застапник ,сопственикот и лицата овластени за работа со сметката (лична карта или пасош).

Документи кои ги обезбедува Банката за отварање на трансакциска сметка се:

  • Барање за отварање на сметка за вршење на платен промет во земјата;
  • Договор за отварање, водење и затварање на сметка за вршење платен промет во земјата;
  • Пријава на овластени лица за располагање со средствата на сметките;
  • Овластени доставувачи на налози;
  • Апликација за регистрирање на клиент- правно лице (Согласно Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам).


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 563; 3102 536 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510