Capital Bank | Financial Inovation

Врз основа на и член 55 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

 

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

За учество на Годишното собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје што ќе се одржи во седиштето на Банката на ул.Никола Кљусев број 1, Скопје на 31.05.2018 година со почеток во 12.00 часот, со следниот


Д Н Е В Е Н Р Е Д

 

I . Процедурален дел

1. Отворање на Собранието на Банката
2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
3. Избор на Претседавач на Собранието


II . Работен дел

4. Годишен извештај за работењето на Капитал Бака АД Скопје за 2017 година со:
- Мислење на Надзорниот одбор;
- Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето на Надзорниот одбор.
5. Извештај на Друштвото за ревизија КПМГ за извршената ревизија на финансиските извештаи на Капитал Банка АД Скопје за 2017 година и со:
- Мислење на Надзорниот одбор;
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија КПМГ и Мислењето на Надзорниот одбор.
6. Годишната сметка на Капитал Банка АД Скопје за 2017 година со:
- Предлог Одлука за усвојување на Годишната сметка.
7. Предлог Одлука за утврдување и покривање на остварената загуба на Капитал Банка АД Скопје во 2017 година.
8. Годишен Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2017 година, колективно и од аспект на поединечните членови со:
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот.
9. Предлог - Одлука за потврдување на Одлуката на Надзорниот одбор на Банката за откажување на акционерот Алфа Финанс Холдинг од побарувањата кон Банката по основ на Договор за користење на Субординиран заем бр. 0302-2235/1 од 28.12.2017 и побарувањата по основа на Договорот за користење на Субординиран заем бр. 0302-420/1 од 27.03.2018 година.
10. Предлог - Одлука за покривање на акумулирана загуба од посебната резерва.
11. Предлог Одлука за избор на Друштво за ревизија.
12. Разно.

 

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието. 

 

Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3102501 и 02/3102505) или на интернет страната на Банката www.capitalbank.com.mk.

 

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

 

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.

 

Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со Писмено известување (Овластување) на адреса ул.Никола Кљусев број 1, Скопје.

 

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

 

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 08.05.2018 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

 

Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје или по електронски пат на е-маил: elizabeta.dimova@capitalbank.com.mk.

 

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

 

Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Никола Кљусев број 1, Скопје, во Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје и на интернет страната на Банката: www.capitalbank.com.mk.


КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510