Capital Bank | Financial Inovation

Депозити со месечна исплата на камата


Доколку се одлучивте да штедите тогаш сте ја донеле вистинската одлука за планирање на Вашата иднина., Изберете орочување на средствата каде каматата Банката Ви ја исплаќа на месечна основа и овозможете си да го зголемите вашиот месечен приход.

Дозволете си да имате за се!

 

Средствата од каматата Капитал Банка АД Скопје Ви ги пренесува на Вашата трансакциска сметка и Ви овозможува преку дебитната картичка на Капитал Банка да Ви бидат 24/7 на располагање!

Капитал банка Ви овозможува да штедите сигурно и безбедно по исклучително поволни услови:

 

  • Одлични каматни стапки,
  • Штедење во МКД и ЕУР, 
  • Рокови 6 и 12 месеци 
  • Минимален износ на орочување 60.000 МКД/1000 ЕУР

 

Како депоненти може да се јават сите физички лица резиденти и нерезиденти. Доволно е да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Капитал Банка и со документ за идентификација да се информирате за сите Ваши бенифиции од орочување на средства во Капитал Банка.

 

ДЕПОЗИТ СО МЕСЕЧНА ИСПЛАТА НА КАМАТА

Рок/Валута

МКД

ЕУР

6 месеци*

0,60%

/

12 месеци*

1,00%

1,00%

 

*Каматната стапка за депозитите во МКД до 12 месеци и за сите депозити во ЕУР е фиксна, годишна каматна стапка.

 

Штедните влогови во Капитал Банка АД Скопје се осигурени!

Фондот ги обештетува осигурените депозити но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението.

 

Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.

 

За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 500; + 389 2 3102 528 или e-mail: info@capitalbank.com.mk.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510