Capital Bank | Financial Inovation

Кратка историја 

 

 
22 година, финансиска иновација, доверба, стабилност и посветеност кон клиентите!




1996
- Интернационална Приватна Банка АД Скопје започнува со работа, како прва банка со странски капитал во банкарскиот сектор, поставувајќи ја основата за трансформација на банкарската индустрија во Македонија.

 

2000 –Интернационална Приватна Банка АД Скопје беше првата банка која на пазарот пласираше дебитни и charge картички, revolving кредити, инстант кеш кредити, бизнис пакети и ПОС мрежа, како и услуги во полето на опслужување на правни лица во областите на кредитирање, платен промет и издавање гаранции.

 

2007 - Интернационална Приватна Банка АД Скопје станува дел од Alfa Finance Holding водечкa индустрискa и финанскa групации Република Бугарија, со четири главни бизнис сегменти: индустриски минерали, финансиски услуги, недвижности и обновлива енергија и се преименува во Капитал Банка,. Холдингот е активно вклучен во проекти во Бугарија и Југоисточна Европа - Албанија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Украина.Оттогаш па натаму, промовира нова структура, иновативен пристап, менаџмент и стратегија на работење.

 

2008 – Капитал Банка АД Скопје ја отвара својата втора експозитура во Струмица.

 

2010 - Со цел да им понуди на своите клиенти нови подобрени производи и услуги, дополнителни бенефиции и непосреден контакт, следејќи ги европските трендови за модерно банкарство, Капитал Банка се пресели во новите проширени простории во ТЦ Соравија.

 

2011- Со цел пресретнување на барањата на нашите клиенти Капитал Банка во првата половина на 2011 ја прошири својата постојна мрежа на експозитури, се отвори нова експозитура во населбата Аеродром. Експозитурата Аеродром е направена и опремена според највисоките европски стандарди, нудејќи директен и непосреден пристап кон клиентите.
Во втората половина на 2011 се отвараат два шалтери во Скопје при АМСМ во Чаир и Капиштец.

 

2012 – Почетокот на годината се одбележува со отварање на експозитурата во Тетово и поставување на АТМ, додека во септември беше отворен шалтерот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент.

2016
- Централата на Капитал Банка и експозитурата Соравиа се релоцираа во нови простории на Плоштад Македонија.

 

2018-Капитал банка отвори експозитури во скопските населби Ѓорче Петров и Кисела Вода.


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510