Capital Bank | Financial Inovation

Tрансакциска сметка за нерезидентни правни лица


Нерезиденти правни лица се трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште надвор од Република Македонија како и нивни претставништва во Р.Македонија.


Потребни документи за отворање на нерезидентна сметка на правно лице:



 -За правното лице и неговиот законски застапник е потребно Извод од трговски регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистиран субјектот. Документот не смее да биде постар од 6 месеци и истиот потребно е да ги содржи податоците за датумот на основање на правното лице, називот, адресата, седиштето и дејноста која ја врши.

 -За физичките лица кои ќе бидат овластени за работа со сметките е потребно документ за идентификација патна исправа и писмено овластување потпишано од законскиот застапник.

 -За нерезидентот правно лице – дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација, е потребен документ издаден од Министерството за надворешни работи на Република Македонија или извод од Централен регистар на Република Македонија како и полномоштво на одговорното лице во претставништвото.

  • Документ за регистрацијата од домицилната држава преведен на овластен преведувач и не постар од 3 месеци
  • Овластување за застапништво, издадено од странската фирма, преведено од овластен преведувач и не постаро од 6 месеци
  • Документ за идентификација - пасош од законскиот претставник или овластено лице со приложено оригинално полномошно, преведено од судски преведувач и заверено на нотар
  • Тековна состојба или Решение за упис, не постари од 6 месеци, издадени од Централен Регистар
  • Друга документација на барање на банката


За сите дополнителни информации обратете се во најблиската експозитура на Капитал Банка АД Скопје или на тел: + 389 2 3102 563; 3102 536 или e-mail: info@capitalbank.com.mk .


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510