Capital Bank | Financial Inovation

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

Во согласност со Одлуката на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје бр.0203-41/18 од 04.11.2019 година, ќе се одржи Вонредна седница на Собранието на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје во седиштето на Банката на ул.Никола Кљусев број 1, Скопје, на 16.12.2019 година со почеток во 12.00 часот, со следниот предлог

 


Д Н Е В Е Н Р Е Д

I . Процедурален дел

1. Отворање на Собранието на Банката
2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
3. Избор на Претседавач на Собранието


II . Работен дел

4. Одлука за разрешување на член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
5. Одлуки за именување на членови на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
- Одлука за именување на член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
- Одлука за именување на член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
- Одлука за именување на член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
- Одлука за именување на независен член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје
- Одлука за именување на независен член на Надзорниот Одбор на Капитал Банка АД Скопје

6. Разно.

 

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.

Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или на интернет страната на Банката на www.capitalbank.com.mk .

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, во просториите на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.
Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со писмено известување (Овластување) на адреса ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 24.11.2019 година до 16:00 часот, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул. Никола Кљусев број 1,Скопје или по електронски пат на е-маил: sekretarijat@capitalbank.com.mk .

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа: - Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци
- Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.
Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Никола Кљусев број 1, Скопје.

 


КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје




Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510