Capital Bank | Financial Inovation

Врз основа на член 388 од Законот за трговски друштва и член 55 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Управниот одбор на Банката го објавува следниот

 

                                                                                   

                                                                                  ЈАВЕН ПОВИК
                                                     ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје

 



За учество на редовна седница на Собрание на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје која ќе се одржи во седиштето на Банката на ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА) на 30.05.2014 година со почеток во 12.00 часот, со следниот

 

 

                                                                               Д Н Е В Е Н Р Е Д

 

I . Процедурален дел

 

1. Отварање на Собранието на Банката
2. Верификација на Списокот на Присутни акционери
3. Избор на Претседавач на Собранието


II . Работен дел


4. Усвојување на Деловната Политика и Развојниот План на Банката
5. Усвојување на Финансискиот План на Банката
6. Разгледување и усвојување на Годишниот Извештај за работата на Банката за 2013 година, заедно со писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор
7. Разгледување на Годишниот Извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2013 година заедно со писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор
8. Разгледување на Извештајот на Одборот за ревизија за 2013 година
9. Разгледување и усвојување на Извештајот на Друштвото за ревизија и писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор
10. Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка на Банката и финансиските извештаи за 2013 година
11. Донесување на Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка, или за покривање на загубите за 2013 година
12. Избор на Друштво за ревизија
13. Донесување на Одлука за усвојување на Листата на нето должниците на Банката 2013
14. Разгледување и усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2013
15. Донесување на Одлука за одобрување на работата членовите на Надзорниот одбор на Банката за 2013
16. Разгледување и усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Управниот одбор за 2013
17. Донесување на Одлука за одобрување на работата членовите на Управниот одбор на Банката за 2013
18. Разгледување и усвојување на Кодексот за корпоративно управување во Банката


Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на закажаното Собрание со Пријава за учество на Собранието.

 

Примерок од Пријавата за учество на Собранието се подига во Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (контакт телефон 02/3 102 – 500 и 02/3 102 – 505) или на интернет страната на Банката www.capitalbank.com.mk.

 

Пополнетата Пријава за учество на Собранието се доставува до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА).

 

Пријавувањето на акционерите правни лица се врши преку нивните законски застапници.

 

Акционерот може со Полномошно заверено на нотар, да овласти полномошник кој ќе го застапува на Собранието, за што е должен веднаш да ја извести Банката со Писмено известување (Овластување) на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА).

 

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

 

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 18.05.2014, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на адреса до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА) или по електронски пат во скенирана форма на е-маил: jadranka.saveska@capitalbank.com.mk.

 

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

 

Акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:


1. За акционер физичко лице се приложува:


- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена
- Копија од лична карта или пасош


2. За акционер правно лице се приложува:

 

- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од шест месеци
- Последна тековна состојба од Централнниот регистар во оригинал не постара од шест месеци
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

 

Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред.
Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на Банката да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувувањето на доверливоста во работењето и деловните интереси на Банката.


Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на Банката ќе бидат објавени на интернет страната на банката: www.capitalbank.com.mk во форма на прашање и одговор.

 

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на адреса : до Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје на адреса ул.Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА) или по електронски пат во скенирана форма на е-маил: jadranka.saveska@capitalbank.com.mk , со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице.

 

Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

 

1.За акционер физичко лице се приложува: 

 

- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена
- Копија од лична карта или пасош

 

2. За акционер правно лице се приложува:

 

- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од три дена
- Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од седум дена
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

 

Гласањето по точките од дневниот ред Ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

 


Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавувањето на Јавниот повик, од 12:00 до 14:00 часот, во просториите на Банката, на ул. Филип Втори Македонски број 3, Скопје (Деловен Центар СОРАВИА), во Секретаријатот на Управниот одбор на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје и на интернет страната на Банката: www.capitalbank.com.mk.

 



КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510