Capital Bank | Financial Inovation
Платен промет во земјата

Банката денарските плаќања за своите комитенти ги извршува преку:

  • интерен платен промет (за плаќања во кои се вклучени депонентите на Банката, уплати и исплати на готовина);
  • меѓубанкарски платен промет (за плаќања кои се извршуваат преку два система на порамнување помеѓу депоненти на две банки.

Двата системи за порамнување на меѓубанкарскиот платен промет се:

  • МИПС – Македонски Интербанкарски Платен Систем на Народна банка на Република Северна Македонија претставува Систем за бруто порамнување во реално време, преку кој се процесираат големите плаќања над 1 милион денари и итните плаќања во помали износи;
  • КИБС – Клириншки Интербанкарски Систем претставува систем за одложено нето порамнување кое се врши на крај на пресмтековниот ден преку кој се процесираат плаќања помали од 1 милион денари.


Платни инструменти кои најчесто се користат во платниот промет во земјата се:

  • Уплатница - (Образец ПП10);
  • Налог за пренос на средства - (Образец ПП30);
  • Налог за исплата на готовина - (Образец ПП40);
  • Налог за плаќање јавни приходи (Образец ПП50)

Услуга за преносливост на платежна сметка


Icon

ул. Никола Кљусев бр.1, 1000 Скопје.

Icon2

+389 02/3102-500; +389 02/3102 510